Американскиот претседател Џозеф Бајден даде изјава по почетокот на одмаздничките напади врз Сирија и Ирак.
Бајден изјави дека наредил воени напади врз објекти во Ирак и Сирија поврзани со групи кои извршиле напади врз американските сили, велејќи дека тие напади ќе продолжат на моменти и места што САД ќе ги изберат.
„САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека знаат сите оние кои сакаат да ни наштетат дека ако нанесат штета макар и на еден Американец, ние ќе одговориме“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.
САД започнаа напади во Сирија и Ирак како одговор на нападот со беспилотно летало врз американската воена база во Јордан во неделата, во кој загинаа тројца војници.
Белата куќа ја прогласи операцијата, која траеше околу 30 минути, за успешна, изјави претставник на Пентагон.
Американските власти велат дека нападите погодиле четири објекти во Сирија и три во Ирак, каде што безбедносните службеници пријавиле штета во градот Ал-Каим.