Бајден на Палестинците им носи помош но не и нов мировен план

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот вети дека нема да се откаже од напорите за завршувањето на повеќедеценискиот израелско-палестински судир, но не понуди никакви нови предлози кои би повторно би го заживеале замрениот во 2014 година дијалог меѓу двете конфронтирани страни.

Приведувајќи ја кон крајот првата делница од својата прва блискоисточна турнеја во својство на претседател на САД, Бајден пред да отпатува во Саудиска Арабија посети болница во источен Ерусалим, каде мнозинство се Палестинците, и вети повеќегодишен пакет финансиска и техничка помош во вредност од 100 милиони американски долари.

Додека во Израел американскиот претседател беше пречекан како „стар пријател“ и му беше доделен Претседателскиот медал на честа, на палестинскиот Западен брег, Бајден беше дочекан со транспарентите „Господин претседателе, ова е апартхејд“.

Кога станува збор за создавањето независна палестинска држава, Бајден по состанокот со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас призна дека тоа е и натаму далечна иднина, со многу мали шанси за ново покренување преговори со Израел во скоро време.

„Дури и доколку условите за повторно покренување на преговорите во овој моменти сѐ уште не се созреани, САД и мојата администрација нема да се откажат од приближувањето на двете страни“, рече Бајден.

Абас од своја страна, пак, оцени дека шансите за воспоставување палестинска држава како одговор за решението на израелско-палестинскиот судир сѐ повеќе слабеат, како и дека „та шанса можеби нема да остане уште многу“.

„Нели е време оваа окупација да заврши?“, запраша Абас по разговорот со Бајден во палестинската енклава Западен брег (на реката Јордан), кој заедно со источен Ерусалим меѓународната заедница ги смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.

Абас го повтори барањето САД да отворат конзулат во источен Ерусалим, кој Палестинците го сакаа за главен град на нивната идна држава откако Израел го прогласи за своја „историска и неделива“ престолнина. Палестинскиот челник, исто така Палестинска ослободителна организација (PLO) да биде симната од американската листа терористички организации и да ѝ овозможат повторно отворање на канцеларијата во Вашингтон.

Исто така, Абас побара поддршка од САД за приведување на одговорните за убиството на американско-палестинската новинарка на Al Jazeera, Ширин Абу Аклех, во текот на израелско пукање при палестинските немири во градот Џенин на Западниот брег.

Пред средбата, палестинските челници го обвинија Бајден дена главен приоритет му е интеграцијата на Израел во новиот регионален безбедносен сојуз против Иран, наместо нивните проблеми и грижи, вклучително нивното право на самоопределување и продолжувањето на доселеничките израелски населби на Западниот брег.

Бајден изјави дека ја чувствува „нивната (на Палестинците) болка и фрустрации“, и дека освен пари а болницата најави и модернизација на телекомуникациската мрежа на Западниот брег и во Појасот Газа, со мобилна Г4 мрежа до крајот на 2023 година. Најави и мерки коишто би требало да ги олеснат патувањата меѓу Западниот брег и соседен Јордан.

Посебно е најавен финансиски пакет од 201 милиони долари за агенцијата на ОН за помош на Палестинците (UNRWA).