Кандидатот на Демократската партија за американски претседател на изборите на 3-ти ноември, Џо Бајден, вети дека уште првиот ден од неговиот евентуален мандат ќе формира работна група за наоѓање на родителите на повеќе од 500 деца кои се раздвоени од своите мигрантски семејства при преминувањето на американско-мескиканската граница, а чии родители сѐ уште не се лоцирани.
Во време на администрацијата на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп илјадници деца се одвоени од семејствата на границата, што е практика и на претходните администрации а најмногу ова беше случај во 2017 и во 2018 година, поради тоа што нивните родители се обвинети за незаконско влегување во САД или поради лажни идентитети и криминално минато.
Одвојувањата се случуваа и претходно и откако Трамп во мај 2018 година започна да ја спроведува политиката на „нулта толеранција“ со која се осудуваат сите незаконски илегални премини преку границите. Но оваа практика беше набрзо напуштена по критиките од меѓународната заедница. До 20-ти октомври не се пронајдени родителите на уште 545 деца, според судските документи во Сан Диего и нема податоци каде родителите во моментов се наоѓаат.
„Првиот ден од мандатот Џо Бајден ќе потпише извршен указ со кој ќе се формира федерална работна група за соединување на децата со родителите“, соопшти кампањата на поранешниот американски потпретседател.
Трамп и Бајден се конфронтираа околу ова прашање во текот на вотрата и воедна последна телевизиска дебата минатиот четврток, Актуелниот претседател тогаш рече дека неговата влада „работи на тоа“ да ги соедини тие семејства. Кампањата на Трамп сѐ уште не ја коментираше највата за потегот на Бајден.
Во четвртокот Бајден вети и дека доколку победи следниот вторник на претседателските избори, еден од неговите приоритет ќе биде носење закон за правата на ЛГБТК заедницата, Законот за рамноправност, и дека ќе настојува да го потпише дополнетиот историски закон за граѓанските права во првите 100 дена од претседателскиот мандат.
Законот за рамноправност, според неолибералната опција, би требало да ги штити американските граѓани од дискриминација врз основа на сексуалниот или родов идентитет со тоа што ќе го дополни Законот за граѓански права од 1964 година кој забранува диксриминација врз основа на расата, верата, полот и националното потекло.
Бајден се претставува како еден од водечките заговорници за правата на ЛГБТК и во текот на неговиот потпретседателски мандат во време на демократскиот претседател Барак Обама, од 2009 до 2017 година, изјви во разговор за Philadelpiha Gay News дека тие права ќе ги проамовира и на меѓународната сцена, така што спомнатиот закон доколку во јануари влезе во Белата куќа, ќе биде во самиот фокус на американската дипломатија.
Бајден своите насоки на политиките поврзани со ЛГБТК правата преку електронска пошта му ги доставил на уредникот на споменатиот магазин, Марк Сигал, застапник на правата на хомосексуалците од 1970-те години.
„Носењето на Законот за рамноправност ќе биде еден од законодавните приоритети во текот на моите први 100 дена на претседателската должност, приоритет на кој Доналд Трамп се противи“, напишал Бајден во разговорот воден преку електронска пошта.
Меѓутоа, како што потсетува Reuters, Доналд Трамп беше првиот републикански претседател кој во својот победнички говор во ноември 2016 година ги спомена ЛБГТЛ правата, како и дека во судовите и во својот кабинет именуваше луѓе кои припаѓаат на оваа заедница.
Портпаролката на кампањата на Трамп, Саманта Загер, за Reuters изјавила дека Демократската партија „предолго ги присвојуваше гласовите на ЛГБТК Американците кои сега својот дом го пронаоѓаат во Републиканската партија“.
Претставникиот дом на американскиот Конгрес во 2019 година со демократското мнозинство го донесе Законот за рамноправност кој е заглавен во Сенатот каде што мнозинството го имаат републиканците. За овој закон да мине во двата дома на Конгресот, доколку Бајден и победи на изборите, ќе му биде потребно на 3-ти ноември демократите да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом, каде што се гласа за сите 435 мандати, и да ја преземат контролата во Сенатот каде ќе се гласа за 35 сенатори. Истиот ден ќе се гласа и за 13 гувернери на сојузни дражвио и територии, како и за локалните власти.