Бајден: На повикувам на промената на власта во Русија

Американскиот претседател Џо Бајден објасни во неделата дека САД не водат политика на промената на власта во Русија, по изјавата од саботата дека рускиот претседател Владимир Путин „не смее да остане на власт“.

Тоа беше е нов во низата изрази на американскиот претседател на сметка на рускиот челник кои се сметаат за недипломатски и навредливи, кави што беа изјавите на Бајден дека Путин е „убиец“, „воен злосторник“ или „касап“.

Коментарот на Бајден даден во саботата при неговата посета на Полска претставува остра вербална ескалација на одност на американскиот претседател во однос на Москва по руската воена операција во Украина.

„Ставот на претседателот беше дека на Путин не смее да му се дозволи да користи сила против соседите или регионот. Тој не мислеше на власта на Путин во Русија или на нејзина смена“, појаснија подоцна во саботата за новинарите акредитирани во Белата куќа.

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Џо Бајден кој меѓу другото рускиот претседател Владимир Путин го нарече „касап“, предупреди на „ескалација со зборови и акции во Украина“.

Највисокоте американски дипломати во неделата продолжија да ја ублажуваат изјавата, а Бајден одговарајќи на новинар по излегувањето од миса во Вашингтон на прашањето дали повикува на промената на власта во Русија, кусо одговори „Не“.

Џулиен Смит, американската амбасадорка во НАТО, претходно се обидуваше да ги стави во контекст коментарите на Бајден, велејќи дека следеле по разговорот со украинските бегалци во Полска.

„Во тој момент мислам дека тоа беше човечка реакција на приказните кои ги слушнал тој ден… САД немаат политика на промена на власта во Русија. Точка“, рече Смит за емисијата „State of the Union“ на телевизијата CNN.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференцијата во Ерусалим рече дека секоја одлука за идното водство во Русија ќе биде „на рускиот народ“.

Опозициските републиканци јасно порачаа дека изјавата на Бајден е „несреќна грешка“.

Сенаторот Џејмс Риш, највисоко рангираниот републиканец во Комисијата за надворешни односи во Сенатот, изјавите на Бајден ги нарече „страшен гаф“ и рече дека би сакал претседателот да се придржувал на сценариото.

„Повеќето луѓе кои не се занимаваат со надворешните односи не сфаќаат дека тие девет зборови кои ги изговори може да предизвикаат ерупција каква што ја предизвикаа…. Тоа ќе предизвика голем проблем“, рече Риш за CNN мислејќи на изјавата на Бајден во Варшава „До Бога, овој човек не смее да остане на власт“.

Сенаторот Роб Портман, кој е во истата комисија, оцени дека тоа е погрешен чекор во јавноста во воено време.

„Тоа оди нарака на руските пропагандисти и на Владимир Путин. Значи, тоа беше грешка“, изјави Портман за емисијата „Meet the Press“ на телевизиската мрежа NBC News.