Американскиот претседател Џо Бајден изјави во саботата во полската престолнина Варшава дека борбата меѓу „демократијата и автократија“ ќе биде догла и дека САД е крај во нејзината борба против Русија.
„Оваа борба нема да биде добиена за неколку денови или месеци. Мораме да се вооружиме за долгата борба пред нас“, изјави Бајден во Кралскиот дворец во Варшава а потоа им порача на Украинците „Ние сме со вас“.
Американскиот претседател имаше порака и за Русија: „Не размислувајте да влезето ниту сантиметар на територијата на НАТО“.
Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин “не смее да остане на власт“ на во повторениот обид да се подигне негативно расположение во Русија на нејзините граѓани им порада дека „тие не се нашите непријатели“.
„Дозволете и ова да го кажам, дкоколки воопшто можете да ме слушнете: вие, руските народи, не сте нашите непријатели. Одбивам да верува дека без проблеми ја прифаќате смртта на деца и баби и дедовци или дека прифаќате болници, училишта, родилишта, да бидат гранатирани со руски ракети и бомби“, рече Бајден обраќајќи им се на Русите како дел од неговата стратегија за предизвикување отпор кон Путин.