Бајден на Зеленски му ветил напредни противвоздушни системи

Американскиот претседател Џо Бајден му ветил на украинските претседател Владимир Зеленски дека САД на Киев ќе му испорачаат напредни противвоздушни системи, откако во понеделникот во масовниот руски ракетен напад беше разорена украинската енергетска инфраструктура,

Бајден телефонски разговарал со Зеленски за да го увери дека Вашингтон континуирано го поддржува Киев и за да ги осуди „бесмислените напади“ од Русија.

„Претседателот Бајден вети дека на Украина ќе продолжи да ѝ дава поддршка потребна да се одбрани, вклучително и напредни системи за противвоздушна одбрана“, се наведува во соопштението на Белата куќа објавено по телефонскиот разговор.

Бајден, исто така, му рекол на Зеленски дека САД и нивните сојузници и партнери ќе продолжат да ѝ наметнуваат на Русија санкции „ќе ја сметаат Русија одговорна за нејзините злосторства и ѕверства, како и дека ќе ѝ пружат на Украина безбедносна, економска и хуманитарна помош“, се додава во објавата на Белата куќа.

САД досега само од почетокот на војната на крајот од февруари ѝ испорачаа на Украина воена помош од 16,8 милијарди долари, а наметнаа низа санкции без преседан во историјата против Русија.