Бајден направил грешка со доверливите документи, но нема да биде обвинет

мериканскиот претседател Џо Бајден постапил погрешно кога со себе земал доверливи документи за американската војна во Авганистан и други прашања за националната безбедност кога ја напушти потпретседателската функција во 2017 година, но нема да се соочи со обвиненија, се вели во извештајот на специјалниот обвинител објавен во четвртокот.

Документите вклучуваат рачно напишано писмо од 2009 година до тогашниот претседател Барак Обама во кое се изразува спротивставување на планираното зголемување на војниците во Авганистан, како и рачно напишани белешки за разузнавачките брифинзи и состаноците за национална безбедност, откри специјалниот обвинител Роберт Хур во извештајот.

Бајден му рекол на својот мемоарист за време на разговор во февруари 2017 година во изнајмена куќа во Вирџинија дека „штотуку ги нашол сите доверливи работи долу“, се вели во извештајот, во кој се тврди дека разговорот би бил најдобриот доказ за импичмент на претседателот.

Но, Хур посочи неколку причини зошто не го сторил тоа, вклучувајќи го и фактот дека Бајден можеби ги одзел документите додека сè уште бил потпретседател и сè уште имал овластување да ги чува таквите документи. Меѓутоа, според некои американските медиуми од таа позиција Бајден немал ниту право да има достап до таквите документи.

Специјалниот обвинител именуван од министерстот за правосудство кој го именува претседателот, рече дека Бајден немало да биде обвинет дури и да немало долгогодишна политика на Министерството за правда, кое не покренува обвиненија против претседателот кој е на власт.

Членовите на правниот тим на Бајден пронајдоа доверливи документи во канцеларијата на тинк-тенкот на Бајден во Вашингтон и во неговата резиденција во Вилмингтон, Делавер.

Главниот ривал на Бајден на изборите во ноември, поранешниот претседател Доналд Трамп, се соочува со федерално обвинение од 40 точки за чување високо чувствителни документи за национална безбедност на неговиот имот на Флорида, откако ја загуби функцијата во 2021 година и за попречување на напорите на американската влада да ги врати назад.

Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.

Иако постојат сличности меѓу двата случаи, постојат и „значајни“ разлики, тврдат медиумите кои го поддржуваат Бајден. Се повикуваат на изјавата од Белата куќа која соопшти дека адвокатите на Бајден пронашле „мал број доверливи документи“, кои потоа ги предале.

Трамп одби да го стори тоа со образложение дека од тие документи е симната ознаката на тајност, сѐ додека при претресот на ФБИ во неговиот дом не беа пронајдени 100 доверливи документи, поради што Трамп и двајца вработени во неговиот имот во Мар-а-Лаго беа обвинети за попречување на правдата.

Извештајот на Хур и неговата одлука да не подигне обвиненија бездруго ќе доведат до обвинувања за двојни стандарди од Трамп и неговите републикански сојузници.

Трамп беше обвинет откако обвинителите рекоа дека тој со месеци одбивал да ги предаде кутиите со претседателските документи што ги однел на својот имот и ги сокрил откако американската влада побарала нивно враќање. Обвинителите тврдат дека при претресот на ФБИ во неговиот дом во август 2022 година биле пронајдени повеќе од 100 документи означени како „доверливи“.

Трамп се изјасни за невин и ги обвини обвинителите дека се политички мотивирани. Судењето е закажано за мај, но најверојатно ќе биде одложено.

Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.