Американскиот претседател Џо Бајден не се лекува од Паркинсонова болест, објави во понеделникот Белата куќа, откако се појавија извештаи дека лекар специјализиран за оваа болест ја посетил Белата куќа осум пати во текот на изминатата година.
Загриженоста дека претседателот можеби боледува од неименувана болест се појави по појавувањето на Бајден на дебатата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 27. јуни.
Весникот The News York Times објави дека дневникот на посетителите на Белата куќа покажува дека др. Кевин Канард, невролог специјализиран за нарушувања на движењето, кој неодамна објави научен труд за Паркинсоновата болест, ја посетил Белата куќа осум пати во периодот меѓу минатото лето и оваа пролет.
За време на редовниот брифинг, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер одби да ја потврди посетата на др. Канард, велејќи дека сака да ја почитува приватноста на сите вклучени од безбедносни причини. Таа рече и дека Бајден трипати се сретнал со невролог за време на неговите годишни прегледи. Додаде дека претседатло не се лекува од Паркинсонова болест.