Бајден нема да ѝ испорача на Украина ракети за HIMARS со дострел од 300 километри

Американскиот претседател Џо Бајден не е подготвен во рамките на големата нова воена помош на Украина да ѝ испорача проектили за високомобилните повеќекратни ракетни лансери HIMARS со дострел до 300 километри за да се избегне можноста од Трета светска војна, изјави во петокот советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливан.

САД досега на Украина ѝ предадоа 12 единици од ракетните системи со долг дострел HIMARS и во петокот објавија дека во новиот пакет воена помош на Киев во војната против Русија ќе бидат вклучени уште четири вакви системи.

„Постои некои средства за кои претседателот (на САД, Џо Бајден) јасно стави до знаење не е подготвен да ги обезбеди. Во нив се склучени и ракетите со долг дострел ATACMS, коишто имаат дострел од 300 километри. Тој верува дека иако клучната цел на САД е да се стори сѐ што е неопходно за поддршка и одбрана на Украина, а другата важна задача се состои во тоа да се спречат околни во кои би се движеле кон трета светска војна“, изјави Саливен во текот на неговото излагање на безбедносниот форум во Аспен.

Притоа истакна дека не смета оти САД не ја снабдуваат Украина со доволно оружје.

„Доколку бев на местото на своите (украински) колеги или на претседателот (на Украина, Владимир) Зеленски, ќе се однесував на ист начин – би побрал повеќе (оружје) и што е можно побрзо. Од нас се бара да обезбедиме сѐ што можеме, тргнувајќи од тоа ко конкретни цели се надеваат да ги постигнат. Дали мислам дека не обезбедуваме доволно оружје за Украина? Не, не мислам така“, заклучи Саливан.
Како што претходно објавија американските функционери, Украина за ракетните системи M142 HIMARS (High Mobility Artillery Rocket System) добива илјадници наведувани проектили GMLRS со дострел од 80 километри, иако овие инсталации се способни да истрелуваат и оперативно-тактички проектили ATACMS (Army Tactical Missile System) со речиси трипати поголем дострел.

Системите HIMARS имаа поголем дострел и се попрецизни од артилеријата која ја поседува Украина. Американскиот ракетен систем HIMARS со дострел од околу 80 километри беше дел од 11-от пакет воена помош на САД за Украина во војната против Русија, донесен на 1-ви јуни. Тогаш Белата куќа соопшти дека Киев се обврзал дека таквите вооружувања со долг дострел нема да ги користи за напади врз цели на руска територија, на што во Москва одговорија со неверување, па една од целите на сегашната офанзива на руските трупи во Украина е да ги потиснат украинските единици кон централниот дел од земјата и надвор од дострелот на таквите системи.

Севкупно со последниот пакет, САД на Украина досега ѝ обезбедил 16 системи HIMARS. Вкупната воена помош на Вашингтон за Киев од почетокот на војната изнесува 8 милијарди долари, а само 2,2 милијарди долари во јуни. Не се соопштени вкупните податоци за американската воена помош на Киев во изминатите осум години, по превратот во Киев во 2014 година, помогнат првенствено од Вашингтон.

Руското министерство за одбрана во претходно во петокот објави дека досега неговите сили уништиле четири американски повеќекратни ракетни системи со висока мобилност и долг дострел од моделот HIMARS во Украина.

„Во периодот од 4-ти до 20-ти јули уништени се четири ракетни лансери и едно возило за полнење на американските ракетни системи за повеќекратно лансирање (HIMARS) доставени во Украина“, се вели меѓу другото во дневниот брифинг на руското министерство за одбрана.

Уништени ракетни системи биле лоцирани во областа Красноармејск, на источната периферија на Константиновка и во областа Малотарановка, каде што руските вооружени сили уништиле два система HIMARS во еден напад, прецизира министерството.