Бајден, Обама, републиканските и демократски лидери ужаснати од нападот врз Трамп

Републиканските и демократските лидери се ужаснати од обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија, а актуелниот американски претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Барак Обама се благодарни што Трамп е добро по вооружениот напад на предизборниот митинг во Батлер.

Трамп во нападот беше зајачен од куршум, но тој е добро и евакуран на безбедна локација. Фотографиите и видеата покажуваат крв на неговото десно уво и лицето.

Напаѓачот и еден од посетителите на собирот се убиени.

„Згрозен сум од она што се случи на митингот во Пенсилванија и ми олесна што поранешниот претседател Трамп е безбеден. За политичкото насилство нема место во нашата земја“, изјави лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер.

Трамп ќе биде републикански претседателски кандидат на ноемвриските избори.

Демократскиот лидер во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, рече дека неговите мисли се со Доналд Трамп. „Америка е демократија. Политичкото насилство од кој било вид никогаш не е прифатливо“.
от
Поранешниот претседател Џорџ Буш е „благодарен“ што поранешниот претседател Доналд Трамп е безбеден по „кукавичкиот напад“.

Милијардерот и технолошки инвеститор Илон Маск ја објави својата поддршка за поранешниот претседател Доналд Трамп по инцидентот во саботата во Батлер и му посака брзо закрепнување.

Првите меѓународни изрази на поддршка за Трамп дојдоа од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот унгарски колега Виктор Орбан.

„Информиран сум за пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија. Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав“, објави Бајден во изјавата.

„Се молам за него и неговото семејство и за сите кои беа на митингот. Нема место за вакво насилство во Америка. Мораме да се обединиме како нација во осудувањето на тој чин“, додаде Бајден

Обама во изјавата за X рече дека му олеснало што Трамп е само полесно повреден.

„Нема место за политичко насилство во нашата демократија“, рече Обама.