Бајден одобри дополнително оружје во вредност од 200 милиони долари и воена обука за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нова помош во оружје за Украина во износ од 200 милиони долари и воена обука, објави Белата куќа во саботата.

Со најновата одлука на Бајден американската воена помош на Украина се искачува на 1,2 милијарди долари за нецела година, изјавија од американската администрација.

Новите 200 милион долари се наменети за оружје и друга воена опрема од резервите на Пентагон, како и за воена обука за да ѝ се помогне на Украина.

Од Пентагон не биле достапни за коментар за Reuters за какво оружје станува збор. Инаку Украина бараше повеќе противтенковски проектили „Javelin“ и „Stinger“ за уривање на непријателски борбени летала, откако многу од ваквото оружје беше запленето од руската војска.

Укранскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во саботата истакна за невладината организација „Renew Democracy“ дека на Украина ѝ е потребно дополнително оружје.

Најновата американска воена помош за Украина е објавена ден откако Конгресот одобри договор од 1.500 милијарди долари за финансирање на федералната влада за фискалната 2022 година, во што се вклучени 13,6 милијарди долари воена и хуманитарна помош за Украина.