Бајден одобри нова голема воена помош за Украина и го нарече Путин „воен злосторник“

Американскиот претседател Џо Бајден во средата одобри испраќање на уште 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина, што е пакет „без преседан“ со милијарда долари во една седмица за да се сопре руската офанзива.

На барањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски кој во текот на утрото по американско време побара дополнителна помош во неговото френетично обраќање во американскиот Конгрес, американскиот претседател Џо Бајден пред камерите го потпиша текстот кој овозможува испраќање нов оружје во Украина.

Меѓутоа, Бајден повторно не се одѕва на барањето на Зеленски да воспостави зона на забранети летови над Украина, што и не изненадува, бидејќи американскиот претседател и претходно предупредуваше дека таквата одлука би довеле до директен судир на САД со Русија, и како што оценми, до „трета светска војна“.

Бајден, сепак, вети дека на украинската војска ќе ѝ помогне да добие поквалитетно оружје, во прв ред во противвоздушната одбрана. САД така ќе ѝ набави на Укррана системи за противвоздушна одбрана со „поголем дострел“, како што бараше Киев. Но тоа ја создава опасноста да се дејствува и врз руска територија, по што може да се очекува заострување на руската офанзива.

Грегори Микс, претстедател на надворешниот комитет на Претставничкиот дом, изјави за CNN дека тие изјави се однесуваат на С-300, руски ракетни системи „земја-воздух“ кои на Украина можат да ѝ ги испратат други земји членки на НАТО.

Украина со новата помош ќе добие уште 800 противракетни системи „Stinger“, 9.000 противтенковски системи „Javlin“, околу 7.000 парчиња лесно вооружување како пушки, автоматско оружје и пиштоли, и 20 милиони парчиња разна муниција, откако руските сили запленија голем дел до претходно испратените вакви оружје и уништија повеќе магацини за муниција на украинската војска.

САД, покрај тоа, на Украина ќе ѝ дадат и 100 беспилотни летата, што според Бајден го „поткрепува нашето ветување дека на Украина ќе ѝ ги испратиме најнапредните системи за нејзина одбрана“.

Џо Бајден, нарекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин „автократ кој преку Украина се пресметува со човечката желба за слобода“, рече дека „Америка е на страната на силите на слободата“. Рускиот претседател „ѝ нанесува на Украина страшни разорувања, напаѓа станбени згради, родилишта, болници… тоа е ужасно“, рече Бајден.

Бајден притоа првпат од почетокот на руската офанзива Путин го нарече „воен злосторник“.

„Тој е воен злосторник“, рече Бајден кусо на прашање на новинарка додека заминуваше од собир во Белата куќа посветен на прашањето на семејното насилтво во САД.

„Претседателот одговори од срцето и врз основа на она што го видовте на телевизиите, односно варварските дела на бруталниот диктатор“, изјави подоцна портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Псаки додаде дека „правен процес е во тек во Стејт департментот“ поврзано со правната квалификација на „воените злосторства“ на Русија во Украина.

Досега ниеден американски функвионер јавно не го изговори терминот „воен злосторник“ или „воено злосторство“, за разлика од политичари во други држави или од организации.