Бајден одвоено разговарал со Нетанјаху и Абас

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и одвоено со палестинскиот претседател Махмуд Абас, објавија во саботата вечерта од кабинетите на израелскиот и на палестинскиот челник.

Нетанјаху му порачал на Бајден дека се потгребни „единство и репителност“ за да се постигнат израелските воени цели против палестинското исламистичко движење Хамас кое управува со Појасот Газа, објави кабинетот на израелскиот премиер, додавајќи дека Нетанјаху му се заблагодарил на Бајден на поддршката.

Палестинскиот челник на американскиот претседател Бајден му рекол дека целосно го отфрлува иселувањето на Палестинците од Газа додека Израел се одмаздува за смртоносниот напад на Хамас на изралеска територија минатата сабота, сопшти во соопштението од кабинетот на Абас.

Неименуван американски функционер за агенцијата Reuters ги потврдил телефонските разговори на Бајден со двајцата блискоисточни лидери, но Белата куќа засега не објави никакви поединости од водените разговори.