Бајден патува во Полска во пресрет на годишнината од почетокот на војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден ќе престојува во посета на Полска од 20-ти до 22-ри февруари, два дена во пресрет на годишнината откако руските трупи навлегоа во Украина во она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ за „заштита од погром и етничко чистење“ на руското и рускојазичното население во соседната земја.

Како што објави во петокот изјави координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, претседателот Џо Бајден во Полска „јасно ќе даде на знаење“ дека САД ќе испраќаат дополнителна безбедносна и друга помош на Киев.

„Претседателот многу јасно ќе даде на знаење дека САД ќе продолжат да ѝ испраќаат оружје и друга помош на Украина колку да биде потребни“, рече Кирби.

Советниците на Бајден со седмици планирале како да се одбележи годишнината од руската инвазија, вклучително и можно обраќање по тој повод. Тие се надеваат дека „ќе ја истакне отпорноста на украинскиот народ заедно со континуираното единство меѓу сојузниците во неизвесните месеци кои доаѓаат“, рекле извори од Белата куќа.

Бајден, според најавата од Белата куќа, ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и источноевропските сојузници со коишто ќе разговара со Украина