Бајден погрешно Зеленски го именуваше како Путин, а во Камала Харис го препозна Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот по грешка го нарече украинскиот претседател Володимер Зеленски како „претседателот Путин“ пред да се поправи на самитот на НАТО во Вашингтон, а веднаш подоцна на долго очекуваната прес-конференција погрешно ја идентификуваше својата потпретседателка Камала Харис како поранешниот републикански претседател Доналд Трамп со кој има намера да се соочи на изборите на 5-ти ноември.

„А сега сакам тоа да му го предадам на претседателот на Украина, кој има храброст колку што има решителност. Дами и господа, претседателот Путин“, рече Бајден, мислејќи на Зеленски, пред да се поправи.

„Ќе го победам претседателот Путин, претседателе Зеленски. Толку сум сосредоточен на тоа да го победам Путин“, рече Бајден додека се исправаше но остана нејасно на каква победа над рускиот претседател мисли американскиот.

Сите присутни во салата на самитот подзинаа кога Бајден погрешно го именуваше Зеленски како Путин.

Зеленски возврати на грешката на Бајден со „Подобар сум (од Путин)“, а Бајден му одговори „Ти си ѓаволски многу подобар“, на што некои во салата се насмеаја во обидот гафот да го претстават како шега пред Зеленски да го започне своето обраќање.

Неколку часа подоцна се случи новиот гаф на Бајден, кој веднаш беше регистриран од медиумите кои инаку се тврдокорни придржувачи на Демократската партија, во извштатие од самостојната прес-конференција на самитот на НАТО, што е првпат да се соочи сам со медиумите од ланскиот ноември.

„Видете, не би ја избрал потпретседателката Трамп за потпретседателка доколку не беше квалификувана за претседателка. Затоа да почнеме од таму“, рече Бајден во текот на својата прес-конференција.

Потоа ја истакна сенаторската и обвинителска кариера на Харис пред да стане потпретседателка, одговарајќина прашањата на новинарите.

Притоа забележа дека добро постапилазалагајќи с за репродуктивните слободи на жените во последните четири години. Таа е квалификувана да биде претседателка. Затоа ја одбрав“, рече Бајден.

Последните денови беше под интензивна внимание на јавноста и се соочува со сомнежи, вклучително и од членовите на неговата Демократска партија, за неговите шанси за реизбор по катастрофалниот и погрешен настап во тлевизиската дебата кон крајот на јуни со републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп.

Забелешките на Бајден во четвртокот дојдоа откако членките на НАТО ѝ дадоа поддршка на Украина во борбата против руската инвазија која започна во февруари 2022 година. Соединетите држави беа најважниот партнер на Украина во воената помош веднаш по насилниот преврат во Киев во март 2014 година и почетокот на украинската граѓанска војна, а по почетокот на руската инвазија во изминатит две ипол години издвоија најмалку 60 милијарди долари за воена помош на украинската војска.