Бајден потпиша низа укази за борба против климатските промени

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша во средата низаизвршни укази за борба против климатските промени, вклучително и суспендирањето на нови концесии на нафта и гас на сојузната американска територија и укинување на субвенциите за фосилните горива.

Овие укази претставуваат пресвртница во американската климатска политија. Претходниот претседател Доналд Трамп беше наклонет да се држи до тврдењата на некои научни кругови спротивни на воспостановеното мислење за причините за глобалното затоплување, и настојуваше максимално да го засили американското производство на енергенси како нафта, гас и јаглен, со укинување на регулативите и ублажување на еколошките прописи.

„Мислам дека веќе предолго чекавме да одговориме на оваа климатска криза“, изјави Бајден на свеченото потпишување на указите во Белата куќа и истакна дека заканите со кои се соочуваат САД, како моќните бури, шумските пожари и сушите, се поврзани со климатските промени.

„Ова е случај во кој свеста и погодностите се спојуваат, каде што соочувањето со оваа егзистенцијална закана за планетата и зголемување на нашиот економски раст и просперитет се едно исто. Кога размислувам за климатските променни и одговорот на нив, мислам на работните места“, уверува Бајден.

Рече дека изградбата на „модерна, отпорна и климатски освестена“ инфраструктура и иднина на чистата енергија во САД ќе создата „милиони добро платени“ работни места.

Фокусирањето на Бајден на климатските промени наиден на одобрување на американските партнери во Западна Европа и климатските активисти кои ја поддржуваа неговата кампања на американските претседателски избори. Меѓутоа, тоа ја вознемири нафтената индустрија која тврди дека ваквите потези на Бајден ќе ги чинат САД милиони работни места и милијарди долари од приходите во периодот во кој американското стопанство е погодено од пандемијата на коронавирусот.

 

Бајден бара „храброст“

Специјалниот претставник за климата на американскиот претседател, некогашениот шеф на дипломатијата Џим Кери, изјви дека САД пред климаткиот самит на 22-ри април ќе ја завршат својата цел за намалување на ткн „стакленички гасови“ до 2030 година како дел од Парискиот климатски договор. САД излегоа од договорот што го потпиша Барак Обама во мандатот на Доналд Трамп, но минатата седмица ги врати Џо Бајден.

Кина и САД се најголемите емитери на гасовите коишто научниците ги поврзуваат со предизвикувањето на ткн ефект на стаклена градина, кој според нив е поврзан со глобалното затоплување. Кери навести дека САД ќе соработуваат со Кина, но дека нема да попуштат по другите прашања коишто ги загрижуваат за да се постигне климатски напредок.

Бајден му наложи на министерството за внатрешни работи да ги суспендира привремено новите сојузни концесии за нафтата и гасот на јавното земјиште или морските води „во мера во којашто тоа е можно“ и да го преиспита климатското влијание и бенефициите за даночќните обврзници.

Бајден, исто така, постави цел до 2030 година да се сочува 30 отсто од сијузното копно и водите поради заптите на дивите животни и настојува да го удвои производството на обновлива енергија од ветер.

Указите се однесуваат на големи копнени површини во повеќето западни сојузни држави, како и на површината за дупчења во морето кои се наоѓаат главно во Мексиканскиот залив, што заедно сочинува околу четвртина од снабдувањето со нафта и природен гас во САД. Мерката предизвика критики во повеќе сојузни државио кои во голема мера зависат од приходите од дупчењата.

Бајден, исто така, им нареди на сојузните агенции да ги „укинат субвенциите за фисилните горива во согласност со важечкиот закон“. Но не е јасно кои сибвенции би можело да бидат укинати според оваа наредба, имајќи предвид дека многу даночни олеснувања во индустријата ги одобри Конгресот. Бајден, исто така, рече дека од Конгресот ќе бара по законски пат да ги укине субвенциите.

„Не е време за мали мерки. Мораме да бидеме храбри“, порача Бајден без да прецизира на што цели со ваквата изјава.

 

Стратешки мотор

Џон Хес, извршниот директор на енергетската компанија „Hess Corp“ изјави дека админитрацијата на Џо Бајден мора да го има предвид влијанието на климатската програма врз работните места и врз енергетската безбедност на САД.

„Тие мора да сфатата дека нафтата и гаост се стратешкиот мотор на американското стопанство“, им рекол Хес на аналитичарите од Волстрит.

„По многу години во оваа работа, ова е најлошиот пад кој го доживав и ова нема да помогне во закрепнивањето“, рекол за Reuters Боб Вотсон, извршниот директор на компанијата „Abraxas Petroleum“.

Бајден, исто така, се соочува и со притисокот на либералите од неговата партија, поради агресивните акции против климатските промени.

Водачот на демократите во Сенатот, Чак Шамер, во средата гои повика претседателот Џо Бајден да прогласи климатска вонредна состојба во земјата, опишувајќи го овој потег како „џиновски чекор во вистинска насока“ кој ќе му овозможи на претседателот да ги искористи дополнителните ресурси за постигнување на своите цели.