Бајден потврди дека ќе го именува Блинкен за шеф на дипломатијата, познати и личностите за другите клучни позиции

Џо Бајден, кој го очекува конечното инаугурирање во 46-от американски претседател, ќе го именува за државен секретар Ентони Блинкен кој беше заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, потврди во понеделникот преодниот тим на демократот истакнувајќи дека станува збор за „искусен дипломат“ и откривајќи уште некои личности на клучните позици во наворешната политика.

Поранешниот шеф на американката дипломатија Џон Кери, ќе биде специјален претставник на претседателот на САД за климатските прашања, а ќе има место во Советот за национална безбеднсот, Бајден има намера повторно САД да ги врати во Парискиот договор за климатските промени од кои ги изведи републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Линда Томас-Гринфилд ќе биде именувана за амбасадорка во Обединетите нации, иако американските медиуми шпекулираа дека оваа позиција ќе ѝ припадне на порашената државна секретарка Хилари Клинтон, од периодот кога Џо Бајден беше американски потпретседател. Томас-Гринфилд од 2013 до 2017 година беше на позицијата помошник на државниот секретар за Африка.

Аврил Хејнес, пак, би требало да стана директорка на националната разузнавачка служба, којашто ги обединува дваесетината американски разузнавачки и безбедносни агенции и служби. Со тоа, таа би била правата жена на оваа должност. Хејнс, инаку бепше прв заменик директор на Централната разузнавачка агенција (CIA) во администрацијата на Обама, а потои заменичка на помошникот на претседателот за национална безбедност.

Алехандро Мајоркас ќе биде именуван на чело на министерството за внатрешна безбедност. Тој ќе биде првата личност со латино потекло на оваа позиција, која ги надгледува клучните агенции за спроведување на законот и имиграциите. Мајоркас учествуваше во преговорите со Куба во времето на администрацијата на Обама.

Џејк Саливен, пак, ќе биде советник за национална безбедност, наведуваат од преодниот тим на Бајден на својата интернет страница. Сите именувања на сите позиции на ниво на владата, мора да ги потврди Сенатот.

„Во рамките на администрацијата на Бајден и (потпретседателката Камала) Харис, прашањето на националната безбедност и надворешната политика ќе бидат водени од искусни професионалци“, се наведува во соопштиеното на преодниот тим на демократите.

Од штабот на Бајден истакнуваат и дека тоа „ќе го врати лидерството (на САД) на светската сцена и ќе го врати достоинството на земјата во прашањата на внатрешната политика“.