Бајден потврди дека САД нема да учествуваат во воени мисии во Ирак

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во понеделникот дека натамошната соработка со Ирак ќе се насочи на обука на ирачките безбедносни сили во борбата со ултрарадикалната сунитска џихадистичка групација Исламска држава, но дека нема да изведува воени мисии во оваа блискоисточна земја разорена од децениските судири.

„Сметам дека работите се одвиваат добро, нашата улога во Ирак ќе биде околу …помагање во обуата, помош во борбата против Исламската држава којашто повторно зајакнува, но нема да учествуваме во никакви воени мисии“, изјави американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа на средбата со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими.

Бајден потврди дека Вашингтон се залага за зајакнување на партнерството со Багдад, повторувајќи дека соработката во борбата со тероризнот ќе продолжи и по завршувањето на американската воена мисија во Ирак.

Американскиот челник, исто така, во контекстот на соработката со Ирак порача дека таа ќе се развива, а во моментов особено во изборот на вакцините против коронавирусот со кои располага земјата.

„Мојата администрација има намера да ја зајане оваа соработка. Загрижени сме за тоа како да се осигура изборите да се одвиваат според планираното во октомври“, рече Бајден.

Вети и дека вакцините против коронавирусот „многу наскоро ќе бидат“ таму“.