Американската претседателска трка е многу потесна отколку што покажуваат анкетите на национално ниво, се наведува во истражувањето објавено во петокот кое за агенцијата Reuters го спровел институтот Ipsos и кое покажува дека во клучните сојузни држави демократот Џо Бајден има сосема незначителна предност пред републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Според резултатите од ова истражување на јавното мнение, Бајден има мала предност во три од клучните држави, додека во другите три води мртва трка со Трамп.
Онлајн анкетата спроведена во септември покажува дека Трамп и Бајден се израменти во Флорида и Северна Каролина, кои републиканецот ги посети пред неколку дена, како и дека Бајден има водство од под еден процентен поен во Аризона. Во Пенсилванија води Бајден со три процентни поени, додека за пет поени во Висконсин и Мичиген.
Овие шест сојузни држави се решавачки во изборот на претседателот на изборите на 3-ти ноември. Освен што тие имаат голем број жители, во секоја од ови ткн „колебливи држави“ исходот редовно е неизвесен и тешко е да се прогнозира кому ќе припаднат електорските гласови од споменатите држави.
Во секоја од овие шест споменети држави, како што појаснува Reuters, разликата меѓу двајцата кандидати е близу или во рамките на маргината на статистичката грешка, што значи дека ниеден од нив нема јасна предност.
Доколку резултатите се исчитуваат заедно, анкетите на национално ниво и по сојузни држави покажуваат дека годинешните избори може да завршат исто како и претходните во 2016 година, со мнозинство освоени гласови за демократите, но со освоен ткн „електроски колеџ“, кој брои 435 гласови или делегати, во полза на републиканците кои повторно би ја освоиле Белата куќа.
Бајден во моментов има предност на национално ниво во целите САД, но Трамп има речиси исти шанси за победа во клучните држави а со тоа и доволно електорски гласови за втор мандат.
Се чини дека гласачите во ткн „swing states“ имаат довердба во начинот на кој Трамп управува со кризата предизвикана од коронавирусот како во другите сојузни држави, а покрај тоа се и понаклонети кон преовладувачкото мислење дека републиканскиот претседател има многу подобри решенија од Бајден кога станува збор за економијата.