Американскиот претседател Џо Бајден предложи во понеделникот дури осум кандидато за сојузни обвинители, вклучително и главниот сојузен обвинител кој, доколку биде потврден, ќе ги надгледува постапките во случаите од 6-ти јануари кога поддржувачите на неговиот претходник Доналд Трамп упаднаа на Капитол Хил сметајќи дека претседателските избори од 3-ти ноември 2020-та се украдени во полза на сегашниот станар на Белата куќа.
Метју Грејвс, адвокат и поранешен помошник на обвинителот на САД, е избор на Бајден за сојузен обвинител во округот Колумбија каде што обвинителство е преплавено со случаите кои се однесуваат на безредијата од 6-ти јануари.
Сојузните обвинители дале налог за апсење на повеќе од 535 лица под обвинување за учество во насилства кога стотиците илјади демонстранти ги пробија полициските кордони, демолираа прозорци во американскиот парламент и ги принудија тогашните членови на Конгресот и тогашниот потпретседател Мајк Пенс да бидат засолнети на безбедни места.
Бајден ја номинираше и Рејчел Ролинс, обвинителка од Бостон, која е дел од таканареченото движење „прогресивни обвинители“, односно неолиберални активисти кои ги поддржуваат настојувањата за отстранува на расната нееднаквост со отфрлање на традиционалната култура на „решителна пресметка со криминалот“ којашто според нив довела до несразмерен број на црнци во затворите.
Меѓу другите кандидати се Ерек Барон од дистриктот Мериленд, Николас Браун од западниот дистрикт на Вашингтон, Клифорд Џонсон од северниот дистрикт на Индијата, Закари Мијерс од јужниот дикстрикт на Индијана, Трини Рос од западниот дистрикт на Њујорк и Ванеса Валдреф од источниот дистрикт на Вашингтон.