Бајден предупреди дека блокадата на САД ќе резултира со глобална економска криза

Неможноста Соединетите држави да ги исполнат доспеаните финансиски обврски, доколку Конгресот не успее да договори зголемување на плафонот за долгот, ќе предизвика економски проблеми ширум светот, предупреди во средата американскиот претседател Џо Бајден зборувајќи за зголемувањето на плафонот на сојузниот долг во Њујорк.

„Доколку не успееме да ги исполните обврските во врска со долгот, целиот вет ќе има проблеми“, рече Бајден.

„Се води голема дискусија за заштитата на тешки стекнатата репутација на Америка како веродостоен партнер. Тоа ќе има огромно значење за американската економија, но и за светот. Сега не е време да се ризикуваат лизгање во рецесија, милиони работни места, статусот на Америка на светската сцена“, укажа американскиот претседател.

Администрацијата на Бајден неодамна бараше од Конгресот да го зголеми плафонот за сојузниот долг, кој со закон е определен на 31,4 трилиони долари. Републиканската партија, којашто ја има контролата во Претставничкиот дом, традиционално е скептична во врска со зголемувањето на лимитот и се залага за намалување на јавната потрошувачка како услов за зголемувањето на нивото долгот.

Белата куќа истакна дека нема да се консултира со републиканците за плафонот на долгот, иако е подготвена да разговара за намалување на расходите. Во јануари Министерството за финансии започна да применува итни мерки во врска со постигнувањето на лимитот за задолжувањето, со цел да се избегне неможноста да се исполнат обврските. Станува збор за откажување на низа категории буџетски расходи, кои може да се одложат за подоцнежен рок.

Плафонот за задолжувањето, кој првпат е усвоен од американскиот Конгрес во 1917 година, го спречува Министерството за финансии да издава нови државни обврзници за финансирање на активностите на сојузната влада, откако ќе е достигне одредено ниво на националниот долг или ќе помине одреден датум. Надминувањето на тој плафон значи дека сојузната администрација е под закана да врши многу операции од редовните буџетски плаќања, вклучително и покривањето на различни социјални трошоци. Покрај тоа, способноста на државата да ги плаќа доспеаните долгови и камати за веќе преземените обврски може сериозно да биде поткопана.