Бајден „пресекол“ откако се помирил со резултатите од анкетите, според извори

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата ги известил своите најблиски соработници дека ќе се откаже од претседателската трка само неколку моменти пред јавно да ја објави одлуката што ја донел откако 48 часа ги анализирал анкетите и сфатил дека неговиот пат кон победата сѐ повеќе се стеснува, изјвиле два извора блиски на Балата куќа.

Само ноќ претходно Бајден им кажал на советниците дека ќе ја продолжи борбата против ривалот Доналд Трамп за ноемвриските избори. Според еден од изворите, пренесува Reuterst, „пораката беше да се оди со полна пареа“.

Но, кога се помирил со резултатите од анкетите, Бајден се предомислил и на повик во 13,45 часот по локално време го собрал најблискиот тим од Белата куќа и кампањата, неколку моменти пред јавно да објави во писмо до Американците дека се повлекува од преизборната трка.

Бајден се самоизолира во својот дом во Рехобот Бич, во сојузната држава Делавер, откако во средата му беше дијагностициран ковид-19. Нему му се придружија долгогодишните соработници Ени Томасини, Стив Ричети и Мајк Донилон, како и Ентони Бернал, советник на првата дама Џил Бајден.

Откако веќе „пресокел“, им го прочитал писмото што требаше да го објави. „Ни го прочита писмото и сакаше да разбереме што има на ум. Рече дека се борел со тоа во последните 48 часа“, рекол еден од неименуваните соговорници на агенцијата.

Набргу по повикот, шефот на кабинетот на Белата куќа, Џеф Зиентс, ги повикал високите претставници на Белата куќа за да ги информира за одлуката. „Повеќето луѓе во Белата куќа беа изненадени“, додава изворот.

Бајден и потпретседателката Камала Харис веќе разговарале неколкупати тој ден, изјави извор запознаен со изборите. Во 13 часот и 46 минути Бајден на јавноста ѝ ја соопшти својата бомбастична одлука.

Бајден беше особено лут на поранешната претседателка на Претставничкиот дом. Ненси Пелоси, за која советниците на претседателот веруваа дека го организирал притисокот да поднесе оставка.

Неколку часа пред објавата на Бајден, менаџерите на кампањата ги негираа извештаите дека тој планира да се пензионира.

„Тоа е погрешно. И мислам дека е погрешно да се продолжи со тој наратив“, изјави заменик-менаџерот на кампањата Квентин Фулкс во неделната утринска емисија на телевизиската мрежа MSNBC.