Бајден „превентивно“ ги помилува Фаучи и голем број други функционери

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот, само неколку часа пред да си замине од Белата куќа објави дека „превентивнн“ помилувал голем број избрани функционери и државни службеници, барајќи да ги заштити од наводна „можна одмазда“ на Доналд Трамп.

Откако неговиот републикански наследник порача дека ќе им возврати поради саботирањето на неговите политички одлуки и политичко-судскиот прогон во изминатите четири години, Бајден одлучи да ги „заштити луѓето на црната листа на Трамп од неоправдани и политички мотивирани правни дејствија“.

Меѓу нив се поранешниот претседател на Здружениот генералштаб, генерал Марк Мили, поранешниот архитект на стратегијата за ковид-19 на администрацијата на Бајден, Ентони Фаучи, и луѓе кои учествуваа во комисијата задолжена за истрага за упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, како како и полициски службеници кои дадоа исказ пред истата комисија.

„Верувам во владеењето на правото и уверен сум дека силата на нашиот судски систем на крајот ќе надвладее над политичките дебати. Но, ние живееме во исклучителни околности и не можам со чиста совест да сторам ништо“, напиша Бајден во изјавата.

„Вознемирувачки е тоа што јавните службеници беа изложени на закани и заплашувања поради верно извршување на нивните должности“, рече Џо Бајден, кој напладне (по локално време) ќе му ја предаде власта на својот главен републикански ривал.

„На некои дури им се закануваа и правна постапка“, посочи Бајден.

Се очекува подоцна во текот на денот Бајден да ги прими Доналд Трамп и неговата сопруга на куртоазен состанок во Белата куќа, а потоа, почитувајќи ги обичаите за мирен трансфер на власта, ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп во Капитол.

Пред четири години, републиканскиот милијардер, кој и ден-денес неговиот пораз го припишува на кражбата на гласови од страна на демократите на Бајден, ја напушти Белата куќа без да го пречека својот наследник или да присуствува на неговата церемонија за положување заклетва.