Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во средата во Израел на почетокот од важната посета на Блискиот исток во текот на која ќе направи напори да ги убеди сојузниците во Персискиот залив да испумпуваат повеќе нафта за да може да ги оствари настојувањата на Западот да ја потиснат руската нафта од пазарите, како и да ги зближи Израел и Саудиска Арабија.
Бајден ќе мине два дена во Ерусалим во разговори со израелските челниците пред во петок да се сретне со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абаз, во палестинската енклава Западен брег (на реката Јордан), која е под контрола на Израел, но меѓународната заедница смета дека станува збор за окупирана палестинска територија по ткн Шестдневна војна од 1967 година.
Потоа во петок Бајден од Израел со директен лет ќе патува во Џеда во Саудиска Арабија, на разговори со саудиските функционери и на самитот на заливските сојузници.
Американски функционери велат дека ова прво патување на Бајден на Блискиот исток во својство на претседател на САД, би можело да поттикне потези кон нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, историските непријатели, но и двата најсилни американски сојузници во турбулентниот регион.
„Постепено правиме чекори кон таа цел“, рекол за Reuters неименуван израелски функционер додавајќи дека фактот оти Бајден директно ќе лета од Израел во Саудиска Арабија „ја сублимира големата динамика којашто се развиваше последните месеци“.
Патувањето на Бајден, според најавата на Белата куќа, има цел да ја поттикне регионалната стабилноста, да ја продлабочи интеграцијата на Израел во регионот односно приближување кон соседните муслимански сунитски монархии и да „спротистави на влијанието на Иран и агресијата на Русија и Кина“.
Сепак, Бајден нема да направи повторен обид за повторно покренување на долги години прекинатиот мировен процес меѓу Израел и Палестинците. Меѓутоа, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Бајден повторно ќе ја изрази својата предаденост на ткн решение со две држави, односно со идна палестинска држава која постои покрај Израел.
Саливан додаде дека Вашингтон сака и воспоставување конзулат за Палестинците во Ерусалим, алудирајќи ја мисијата којашто ја затвори администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп преселувајќи ја амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим со што го реализираше законот на Конгресот од пред повеќе децении кој повеќе американски претседатели избегнуваат да го исполнат.
Со тоа САД дефакто го признаа Ерусалим за главен град на Државата Израел, која Светиот град го прогласи за своја единствена, историска и недделива престолнина, а Палестинците, пак, сакаат источен Ерусалим да биде главниот град на нивната идна држава.
Се очекува дека Бајден, кој е под притисок во САД да ги намали високите цени на бензините што, меѓу другото, влијаеше и на силниот пад на поддршката во анкетите, да изврши притисок врз сојузниците во Персискиот залив да го зголемат производството на нафта. Целта од една стана е намалување на цените на нафтата на светските пазари, а од една страна за да бидат надоместени барелите руска нафта којашто е под западно ембарго.