Бајден: Путин е во неверојатно тешка ситуација

Американскиот претседател Џо Бајден ги оквалификува руските напади врз украински цивили како знак на слабост од страна на рускиот претседател Владимир Путин

„Мислам дека Владимир Путин е во неверојатно тешка ситуација. Рускиот лидер „се обидува да ја заплаши Украина да ја натера да капитулира. Но, тоа нема да се случи“, рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање, пренесува германската новинска агенцијата DPA.

Претходно Белата куќа ги негираше наводите на Politico дека членови на администрацијата прават планови како Бајден да ја избегне средбата со Путин во кулоарите или при групното фотографирање на претстојниот самит на Г20 на индонезискиот остров Бали

Во Велика Британија, началникот на генерлштабот на британските вооружени сили, Тони Радакин ја осуди„ нуклеарната реторика на рускиот претседател“ како „крајно неодговорна“ и ја повика меѓународната заедница „да остане обединета во својата опозиција“.

„На Путин не му останаа многу опции. Оттаму потекнува нуклеарната реторика“, рече тој во говорот.

Радакин одби да коментира за тоа што мисли за веројатноста Путин да се подготвува да изврши нуклеарен напад врз Украина.