Американскиот претседател Џо Бајден изајви дека „вниматело го проучува“ прашањето за возможни одмазнички мерки против Русија во врска со неoдaмнешните кибернетички напади, кои ѝ се припишуваат на Москва.
Во текот на јавен настан во средата, американскиот претседател беше прашан дали ќе ѝ возврати на Русија во врска со наводната нејзина вмешаност во кибернетичките напади врз американски цели. Последниот од нив, кој предизвика особени проблеми во Северна Америка и во Австралија, беше врз мрежата на најголемиот светски производител за преработки од месо JBS, за што е осомничена криминална хакерска група REvil, за која се смета дека потекнува од Русија.
„Внимателно го проучувам ова прашање“, одговори кусо Бајден. Притоа ги отфрли претпоставките дека рускиот лидер Путин му ја „тестира“ моќта. „Не“, рече американскиот претседател кога му беше поставено тоа прашање.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дитриј Песков, изјави дека Русија навремено ќе го разгледа барањето од САД во врска со обвинувањата за хакерските напади, доколку дојде такво. Исто така, истакна дека Москва нема информации за организаторите на нападот врз JBS.
Имено, по нападот врз JBS, Белата куќа објави дека Вашингтон е во контакт со властите во Москва, откако компанијата ги информирала дека откупот за враќање на контролата врз својот компјутерски систем веројатно дошол од Русија. Во меѓувреме заменикот на шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков потвди дека Москва и Вашингтон се во контакт по ова прашање.
Дека Бајден очекува на средбата со Путин да се разговара и за кибернетичките напади, потврди подоцна во средата на редовниот брифинг со новинарите во Белата куќа, портпаролката Џен Псаки.
„Очекуваме тоа да биде едно прашањата за кои претседателот Бајден ќе разговара со претседателот Путин на самитот по две седмици“, рече Псаки коментирајќи ги прашањата за сајбер безбедноста и конкретниот напад врз JBS и додаде дека САД не исклучуваат преземање соодветни мерки како одоговор на инцидентот.
„Кога станува збор за разгледувањето на одмазничките мерки, ние не исклучуваме какви и да се опции во смисла на тоа како можеме да одговориме“, рече Псаки одговарајќи на новинарското прашање за можни мерки против Русија.
Псаки додаде дека во моментов тече процесот на разгледување на евенруалните мерки, и посочи дека САД веќе разговарале со Русија за прашањата поврзани со безебеноста на интернет.
„Порачавме дека одговорните земји не ги кријат престапниците кои се занимаваат со изнуди (…). Очекуваме оваа на оваа тема да се дискутира во текот на посетата на американскиот претседател Бајден“ на Европа, рече Псаки без да прецизиран со која друга страна освен Русија, Бајден ќе разговара на оваа тема.
Паски нагласи и дека американската администрација апелирала до Москва да преземе мерки за спречување на хакерски напади од територија на Русија врз компании во САД.
„Би рекла дека според мислењето на Бајден, Путин и руската влада имаат улога да ги спречат овие напади. Оттаму, тоа ќе биде тема на којашто тие ќе дискутираат кога ќе се сретнат“, изјави портпаролката на Белата куќа.
И од Псаки новинарите бараа да прецизира дали американските власти сметаат дека со овие активности руската влада ја тестира моќта на американскиот претседател Бајден.
„Нема да дадам друга анализа на оваа тема. Само ќе кажам дека кога криминалните организации се наоѓаат во некоја земја, тоа секако носи одговорност за неа, и сигурно тамошната влада може да има улога…“, заклучи Псаки.