Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека размислува за дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари следната година, како казнување на Кина за наводно кршење на човековите права во таа земја.
„Тоа е нешто за што размислуваме“, изјави Бајден потврдувајќи ги претходните брифинзи на функционери од неговата администрација за медиумите.
Дипломатски бојкот би значел неиспраќање на владини функционери кои би го претставувале Вашингтон на церемонијакните настани на Игрите, но американските спортисти би учестувале на натпреварувањата.
Повеќе американски конгресмени бараат од Бајден целосен бојкот на САД со осуда на наводната репресија над туркофоната заедница Ујгури во покраината Ксинџијанг, што американската влада според сопствените мерила го квалификува како геноцид.
Меѓутоа, многу политичари и од неговите демокраите и од опозицските републиканци, меѓу кои и влијателната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и водечкиот републикански сенатор Мит Ромно, се залагаат само за дипломатски бојкот.