Бајден: Разузнавачката заедница во САД е поделена во врска со потеклото на коронавирусот

Американскиот претедател Џо Бајден изјави во средата дека американската разузнавачка заедница е поделена во врска со прашањето за потеклото на коронавирусот SARS-CoV-2 и дали минал од заразено животно на човек или станува збор за несреќа во лабораторија.

Бајден истакна притоа дека побарал продолжување на истрагата за избувнувањето на пандемијата на коронавирусната болест Ccovid-19.

Додаде дека американските разузнавачи разгледуваат две различни сценарија, дека не се убедени во своите моментални заклучоци и дека не се согласно во тоа кое е поверијатно.

„Ја повикав разузнавачаката заедница да ги удвои напорите во собирањето и анализта на информациите коишто би можеле да не приближат кон конечниот заклучот и повторно да ме известат за 90 дена“, рече Бајден.

„Во рамките на извештајот, побарав, доколку ќе биде потребно, дополнителни истраги во некои области, вклучително и специфичните прашања за Кина“, додаде американскиот претседател.

Изјавата на Бајден доаѓа откако во неделата весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на досега необјавен извештај на американското разузнавање пишуваше дека тројца научници од кинескиот Институт за вирологија во Вухан (WIV) биле хоспитализирани во 2019 година, неколку месеци пред Кина да ја соопшти информацијата за епидемијата на новиот коронавирус.

Весникот пишува дека извештајот, кој дава нов увид во поединости за интензитетот на симптомите, за бројот на хоспитализираните лаборанти и времето кога заболеле, може да отвори нова расправа за потеклото на пандемијата на коронавирусот, а би можело да влијае и на проширувањето на истрагата за тоа дали коронавирусот „побегнал“ од лабораторијата.

Минатат седмица група републиканци од Комитетот за разузнавање на Претставнилиот дом на САД објавија за постоење „огромни докази“ за тоа дека епидемијата можеби се должи на „бегање“ на вирусот од Институтот за вирологија во Вухан. Извештајот објавен на веб-страницата на Комитетот укажува на појава на симптоми карактеристични за Covid-19 уште есента 2019 година кај неколку истражувачи во лабораторијата, како и присуство на кинеската војска во Институтот,

Извештајот е објавен во пресрет на состанокот на советодавното тело на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) на кој ќе се дискутира за следната фаза од истрагата за потеклото на новиот коронавирус SARS-CoV-2 и коронавирусната болест Covid-19 која вирусот ја предизвикува.