Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија треба да биде исклучена од Групата 20 индустриски најразвиени земји и економии во светот поради нејзината воена агресија врз Украина.
Зборувајќи на самитот на Г7 во Брисел, Бајден кажа дека западните лидери денеска разговарале и за оваа тема, но не е познато дали сите 20 земји ќе се согласат на тоа.
-Мојот одговор е да, рече американскиот претседател на прашањето дали Русија треба да биде исклучена од Г20, пренесуваат британските медиуми.
Бајден додаде дека на Украина треба да и се дозволи да присуствува на состаноците на Г-20.