Соединетите американски држави се способни истовремено воено да ги поддржуваат и Украина и Израел, тврдеше американскиот претседател Џо Бајден во разговорот за телевизиската мрежа CBS News.
„Ние сме Соединетите држави, до Бога, најмоќната земја во светот, и не само во светот, туку во светската историја“, рече Бајден одговарајќи на прашањето дали војните во Израел и во Украина се преголем товар за САД.
„Можеме да се грижиме и за двете и покрај тоа да ја одржуваме нашата севкупна меѓународна одбрана. Способни сме за тоа и тоа ние должноста“, додаде Бајден опишувајќи ги САД како „битна нација“.
„Ако не ние, тогаш кој?“, запраша американскиот претседател во разговорот снимен во петокот.
По руската инвазија во Украина, администрацијата на Бајден чие семејство имаше деловни односи со Киев, обезбеди воена помош од 44 милијарди долари. Израел со децении редовно прима милијарди долари воена помош, а голем дел од тоа се троши на проектили.
Бајден неодамна најави дека од Конгресот ќе побара дополнителна помош за Израел. Подготвено е и барање за нова воена помош за Украина, која објави дека нејзината противофанзива започната на почетокот од јуни моментално е во застој, меѓутоа Претставничкиот дом кој треба да ја одобри во моментов е во блокада бидејќи нема претседател.