![bajden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/bajden.jpg?resize=640%2C442&ssl=1)
Соединетите американски држави работат на план за извлекување жито од Украина со железница. Ширините на железничките пруги на Украина се различни од оние во Европа, а житото мора да се претоварува во различни возови на границата, наведува британската агенција.
Претседателот Џо Бајден најави изградба на привремени силоси долж границата со Украина со цел да се помогне извозот на житни култури.
„Тесно соработувам со нашите европски партнери за пласирање на пазарот 20 милиони тони жито заробено во Украина, што би помогнало да се намалат цените на храната. Бидејќи житото не може да помине низ Црното Море, ќе изградиме привремени силоси на границите на Украина“, рече Бајден.
Тој ја бранеше својата економска политика на Конвенцијата на Сојузот на американските синдикати што се одржа во Филаделфија во време кога на Волстрит расте стравот од рецесија.
„Волстрит не ја изгради оваа земја, средната класа ја изгради. Веќе не сакам да слушам лаги за непромислено трошење. Ги менуваме животите на луѓето“, рече Бајден, додавајќи дека доколку инвестициските банкари штрајкуваат, нема да се случат големи промени во американската економија, пренесува Гласот на Америка.