Американскиот претседател Џо Бајден изјави во неделата дека на средбата со рускиот колега по должност Владимир Путин предвидена за 16-ти јуни во швајцарска Женева има намера да ја отвори темата за човекови права во Русија, од каде му возвратија дека Москва „има што да му каже“ на оваа тема.
Американскиот председател Бајден во неделата изјави дека „нема да дозволи кршење на човековите права“ и дека има намера „јасно тоа да го даде на знаење“ на средбата со рускиот челник.
„Ќе се сретнам со претседателот Путин за неколу седмици во Женева. Јасно ќе кажам дека нема да чекаме и дека нема да дозволиме тие (човековите) права да се нарушуваат“, рече Бајден во говорот во Делавер по повод Денот на сеќавањето.
Американскиот претседател, исто така, во говорот ги опиша САД како „единствена земја“, но други поединости во врска со самитот со рускиот колега не откри.
Изјавата на Бајден засега минува без официјален коментар од Кремљ, но рускиот сенатори Алексеј Пушков веднаш преку социјалните мрежи порача дека доколку Бајден сака да зборува со Путин за почитувањето на човековите права во Русија, Москва има што да му кажа на Вашингтон за оваа тема.
„Во Женава, очигледно, нема да се води лесен дијалог. Бајден повторно дава груби изјави на сметка на Путин“, напиша на Telegram Пушков алудирајќи на неодамнешната изјава на американскиот претседател во која рускиот челник го нарече „убиец“, што беше ширум светот оценета како недипломатски и штетен потег, како во билатералните односи меѓу двете суперсили, така и во поглед на решавањето на многу невралгични прашања на глобално ниво.
Пушков, исто така, истакна дека Русија има што да им одговори на Соединетите држави во врска со почитувањето на човековите права.
„За почеток, да се побара од Бајден да престане да го прогонува Џулијан Асанж и да се откаже од барањето за негова екстрадиција во САД“, додава Пушков.
САД последните години повеќекратно го зголемуваат притисокот со санкции врз Русија, меѓу другото и под изговор за „ситуацијата со човековите права“. Москва на тоа возврати со ставањето на Соединетите држави на листата „непријателски земји“. Руското министерство за надворешни работи во пресрет на самитот порача дека одноите меѓу двете земји се во ќорсокак и дека во прв ред потребно е да се најдат начини да се излезе од него. Истовремено Кремљ порача дека политиката на санцкии против Москва не ја постигнава својата цел.
Рускиот и американскиот претседател ќе се сретнат на 16-ти јуни во Женева, а се очекува на самитот да разговараат за стратешката стабилност, борбата против пандемијата на коронавирусот, меѓународните односи и регионалните конфликти.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во пресрет на самитот изрази надеж дека Путин и Бајден ќе започнат дијалог за зачувување на договорите за контрола на вооружувањето, вклучително и за нов договор кој ќе го замени истечениот START 3.
Кремљ претходно седмицава соопшти дека двајцата лидери планираат да разговараат „за актуелната состојба и изгледите натамошниот развој на руско-американските односи, прашањата за стратешката стабилност, како и за конфликтните жаришта во светот.