Бајден се сретнал со Ли Кианг, вели дека кинеската економска „криза“ ја прави инвазијата на Тајван помалку веројатна

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во неделата дека одржал разговори со кинеското водство на највисоко ниво во неколкуте изминати месеци, додавајќи дека Пекинг нема да изврши инвазија врз Тајван поради економските проблеми.

Бајден рече дека на маргините на самитот на Г20 се сретнал со кинескиот премиер Ли Кианг, кој ја предводеше кинеската делегација во Њу Делхи наместо претседателот Си Џинпинг кој како и неговиот руски колега Владимир Путин го откажа патувањето во Индија.

Состанокот беше на највисоко ниво меѓу Вашингтон и Пекинг, во изминатите речиси десет месеци откако Бајден последен пат разговарраше со Си на самитот на Г20 на Бали во Индонезија.

Кинескиот премиер Ли Кианг, кој во март ја презема втората најважна позиција во државата, присуствуваше на собиирот на светеските челници. Средбата со Бајден во Њу Делхи не беше најавена, но состаноците кои не се дел од протоколот на меѓународните самити зачестија последните години, во заднината на турбулентиот период на глобалната политичка сцена.

„Мојот тим, мојот персонал се состануваат со луѓето на Си и кабинетот. Се сретнав со неговиот заменик во Индија денеска. Разговаравме за стабилноста и јужната хемисфера. Воопшто без конфронтирање“, изјави Бајден пред новинарите кои ја следат неговата посета на Виетнам.

Кога на прес-конференцијата во Виетнам зборуваше за американската економија, Бајден ја пофали како „најсилната“ на светот. На новинарите им рече дека кинескиот економски раст забавува поради слабата глобална економијата, како и поради кинеските политики, но не прецизираше конкретно на кои мисли.

Бајден ситуацијата во кинеската економија ја нарече „криза“, наведувајќи ги проблемите во секторот на недвижностите и невработеноста на младите Кинези

„Еден од главните принципи на неговиот план (на Си) сега воопшто не функционира. Не сум среќен поради тоа, но не функционира… Рацете сега му се полни“, рече Бајден за кинескиот претседател, иако не елаборираше на што конкретно мисли.

Бајден настојуаше да ја задржи отворена комуникацијата со Кина за да ги намали тензиите меѓу двете суперсили во однос на Тајван, островот кој Кина го смета за своја одметната покраина и ветува дека ќе ја врати во рамките на матицата дури и со употреба на сила, доколку е потребно.

Од друга страна, иако САД декларативно се придржуваат до пронципот „една Кина“, последната година испратија највисоки државни функционери на островот што силно го предизвика Пекинг да одговори со масивни воени вежби. Истовремено, Вашингтон најави и веона помош за Тајван, на што е обврзан според договорите со властите во Тајпеј.

„Не мислам дека тоа (економските проблеми) ќе предизвика Кина да изврши инвазија на Тајван. Токму спротивното, веројатно го нема истиот капацитет којшто го имаше претходно“, рече Бајден зборувајќи за економските проблеми на Кина.

Додаде дека САД се пацифичка сила којашто нема намера да се повлече од регионот.