Американскиот претседател Џо Бајден сериозно ги прифаќа повиците за повлекување како демократски претседателски кандидат и неколку демократски функционери веруваат дека е само прашање на време кога ќе се повлече, објави Reuters во четвртокот, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.
„Вистински си ја преиспитува совеста, тоа сигурно го знам. Тој размислува за тоа многу сериозно“, рекол еден од изворите, кој сакал да остане анонимен.
Осумдесет иедногодишниот Бајден се соочува со зголемен притисок во неговата Демократска партија да го препушти своето водечко место на листата потенцијални партиски претседателски кандидати, особно откако катастрофалниот настап во телевизиската дебата против поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот кандидат, кон крајот на јуни предизвика загриженост за неговата ментална состојби и возраста, како и неговите шанси да победи на изборите во ноември.
Претседателот пркосно се спротивстави на тие повици, тврдејќи дека освоил милиони гласови на партиските прелиминарни избори изминатите неколку месеци и дека тој е изборот на демократските гласачи. Во средата, тој рече дека „дава сѐ од себе“ на изборите во 2024 година.
Друг соговорник на агенцијата, функционер на Демократската партија во Конгресот, рекол дека претседателот најверојатно ќе се повлече од функцијата откако пратениците, вклучително и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, наводно, го повикале да се откаже од трката. „Се чини дека е прашање… кога, а не ако“, рекоч функционерот.
Бајден закрепнува од инфекцијата со коронавирусот во својот дом во Рехобот Бич, во сојузната држава. Тој немаше јавни настани во четвртокот по патувањето во Невада во средата.
Кампањата на Бајден се фокусира на три од седум држави по дебатата. Патот до победата е тесен, но сугестиите дека тој ќе се повлече досега беа отфрлени.
„Тој не се двоуми за ништо. Претседателот одлучи. Џо Бајден изјави дека се кандидира за претседател на САД. Нашата кампања продолжува“, изјави заменик-менаџерот на кампањата Квентин Фулкс во Милвоки, каде што се одржува републиканскиот митинг.
Друг извор, претставник на кампањата на Бајден, пак, рекол за Reuters сосема поинаку. „Да, готово е. Тоа е само прашање на време“.