Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека многу безбедносни служби на САД во времето на претседателот Доналд Трамп останале без ресурси.
Истовремено, Бајден ја обвини администрацијата на Трамп за недостиг на информации кои му ги даваaт на неговиот транзициски тим.
-Наидовме на пречки во Министерството за одбрана и во кабинетот за управување и буџет. Во моментов, ние едноставно не ги добиваме сите потребни информации од администрацијата во заминување во клучните области на националната безбедност. Според мое мислење, ова не е ништо друго освен неодговорност – изјави Бајден по состанокот со неговиот тим за надворешна политика.
Откако Бајден го победи Трамп на изборите на 3 ноември, неговиот тим почна само да се состанува со претставници на администрацијата на Трамп кон крајот на ноември за да го координира примопредавањето.
Републиканецот Трамп одби да го признае поразот, а неговиот кабинет одобри соработка само со Бајден на 23 ноември.
На почетокот на овој месец, тимот на Бајден објави дека наишол на отпор во своите барања за информации од некои претставници на Пентагон.