Бајден со Папата во Ватикан, додека во САД траат расправите за абортусот

Vatican City, 29 October 2021. ANSA/ETTORE FERRARI

Џо Бајден, вториот американски претседател во историјата деклариран како католик, во петокот пристигна во Ватикна на средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на којашто се очекува дека теми ќе бидат климатските промени и нееднаквостите, но која е засенета со заговарањето на овој политичар од американската Демократска партија за правото на абортус во САД.

US President Joe Biden (C) arrives for a private audience with Pope Francis, at the San Damaso courtyard in Vatican City, 29 October 2021. ANSA/ETTORE FERRARI

Колоната со претседателот Бајден пристигна во Ватикан по големи безбедносни мерки, кои веќе неколку дена се на сила во Рим каде што викендов ќе се одржи и состанокот на врвот на групата Г20.

Швајцарската гарда во своите традиционални униформи ја пречека претседателската сопружничка двојка Џо и Џил Бајден пред Апостолскиот дворец од кој се виори американското знаме.

Средбата меѓу првиот латиноамерикански папа и вториот католички претседател на САД, по убиениот Џон Фицџералд Кенеди, се одвива во време на жестоките дискутии за абортусот во американското општество но и во тамошната католичка заедница. Бајден е под притисокот на конзервативците да го промени својот став за абортусот, во согласност со неговата вера.

Бајден редовно се појавува на литургии и на својата работна маса во Овалната кацеларија ја држи фотографијата на папата Франциск. За аборутсот зборува дека лично му се противи, но дека не може да го наметне својот став како челник.

Неговите најжестоки критичари во американската католичка црква, поради тоа повикуваат на Бајден да му се забрани примањето на Светите тајни.

„Драг папа Франциск, храбро истакнувавте дека абортусот е ‘убиство’. Ве молам разговарајте со претседателот Бајден за ова клучно прашање. Неговата упорна поддршка за абортусот е срам за Црквата и скандал за светот“, напиша на Twitter бискупот Томас Тобин од Провиденс.