Бајден со втор негативен тест излезе од изолација на Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден денеска, втор ден по ред, излезе негативен на тестот за коронавирусот и ќе се врати на своите претседателски должности и патувања, соопшти лекарот од Белата куќа.

Бајден (79) повторно беше позитивен на коронавирус само неколку дена откако беше негативен, за што неговиот лекар Кевин О’Конор вели дека се јавува кај многу мал број луѓе кои го земаат лекот Паксловид.

Бајден уште вчера го имаше пвиот негативен тест на Ковид-19, а Белата куќа потоа соопшти дека тој ќе остане во изолација до вториот негативен тест.

Бајден првпат беше позитивен на тестот на 21 јули. Тој имаше благи симптоми на болеста и беше негативен во рок од неколку дена.Потоа, на 30 јули, повторно имаше позитивен тест.

Претседателот на САД беше изолиран во Белата куќа една недела, но наскоро треба да продолжи со патувања. Треба да го посети Кентаки, сојузната држава што е погодена од големи поплави.