Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не барал примирје од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на долгиот разговор во саботата.
„Денеска долго разговарав со Нетанјаху, и тоа е приватен разговор“. изјави Бајден за новинарите во Вашингтон. „Не барав примирје“, рече одговарајќи на новинарско прашање.
Белата куќа претходно кусо објави дека американскиот претседател Џо Бајден разговарал во саботата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Израел.
Администрацијата во Вашингтон постојано нагласува дека не гледа смисла да се воспостави траен или подолг прекин на огнот во палестинската енклава Покасот Газа каде Израел се обидува да го уништо радикалното движење Хамас, но смета дека се соодветни повремени примирја кои ќе овозможат спроведување на хуманитарни операции.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Бајден за ставот на Вашингтон пред Советот за безбедност на ОН.
Од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека во телефонскиот разговор со Бајден, Нетанјаху изразил јасен став дека Израел ќе ја продолжи војната во Појасот Газа до целосно исполнување на своите цели.
Советот за безбедност на ОН одобри резолуција со која се бара „итна, безбедна и непречена“ испорака на помош за Газа.
Резолуцијата беше усвоена откако членовите на Советот за безбедност на ОН се расправаа околу текстот во изминатите неколку дена.
На инсистирање на Вашингтон, Советот за безбедност олабави одредени одредби и избегна повикување на прекин на огнот што би го завршил конфликтот.