Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.
Во интервју за американската мрежа ABC News, Бајден одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. Тој, исто такам одговори со „да“ на прашањето дали ќе ја прифати пресудата во судскиот процес кој почна седмицава.
Доколку биде осуден по сите точки од обвинението во Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години, иако обвинетите обично добиваат пократки казни, според американското Министерство за правда.
Хантер Бајден, чие судење започна во вторникот, е обвинет дека не пријавил употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година и нелегално поседувал пиштол 11 дена во октомври 2018 година. Тој се изјасни за невин.
Хантер Бајден е првиот син на американски претседател кој е кривично гонет додека неговиот татко сѐ уште е на власт.
Судењето се очекува да се фокусира на годините на злоупотреба и зависност од крек на Хантер Бајден, за кои тој зборуваше јавно и беше истакнат дел од неговата автобиографија од 2021 година, „Убави нешта“. Тој на сослушувањето минатата година пред американската окружна судијка Мерилен Нореика тврдеше дека не конзумирал опојни средства од средината на 2019 година.
Судењето на Хантер Бајден им дава можност на републиканците да го оттргнат вниманието од судењето на републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп. Но, исто така, им дава нови можности за актуелизирање на импичментот за Бајден и потсетување на судските прогони на Хантер кои се премолчуват во мејнстрим медиумите во САД.
Хантер Бајден е соочен со повеќе кривични пријави, меѓу кои и за неплаќање на најмалку 1,4 милиони долари даноци, во периодот додека трошел милиони на раскошен и контроверзен живот на работ од криминалот, барем според досега познатите во јавноста поединости. Министерството за правосудство уште лани соопшти дека истрагата е во тек, а доколку биде прогласен виновен по обвиненијата, му се заканува затворска казна до 17 години. Обвинет е дека од 2016 до 2019 година не платил најмалку 1,4 милиони дилари сојузни даноци, додека истовремено трошел милиони долари на екстравагантниот животен стил.
Хантер Бајден е честа медиумска тема поради неговите зависноста од наркотици и алкохол, поврзаност со проституција и педофилски кругови, како и ескцесни однесувања, истекување фотографии на кои е гол или консумира дроги, а во фокусот е неговиот скап ангажман во украинската енергетска компанија „Bursima“, иако нема никакви познавања и допирни точки со енергетиката, во периодот додека неговиот татко беше потпретседател на САД и кога во Киев е сменет државниот обвинител кој ја истражувал компанијата за финансиски криминали.
Хантер Бајден, регистриран наркозависник и алкохоличар, осомничен за трговии со дроги, посредник во проституција, американските мејнстрим медиуми го претставуваат како „лобист, адвокат, инвестициски банкар и уметник“, иако е проблематично неговото образование за занимавање со тие дејности. Така, во контроверзната украинска енергетска компанија „Bursima“ – истражувана во Киев за корупција на високо ниво по превратот од 2014 година со поддршка на тогашната администрација во Вашингтон – за месечна надокнада од 83.000 долари бил дел од управниот одбор, иако нема никакави познавања од дејноста.
Во октомври 2020 година весникот The New York Post објави мејлови откриени во сервисираниот лаптоп до Хантер Бајден, во коишто се споменува дека тој го застапувал својот такто, додека Џо Бајден беше потпретседател на САД во мандатот на претседателот Барак Обама, пред работодавците во украинската приватна енергетска компанија „Burisma“. Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп тврдеше дека Бајден помладиот добил милиони долари за лобирање за да го „продаде“ пристапот до својот татко. Преписката наводно била пронајдена во лаптопт на Хантер откриена во сервис во сојузната држава Делавер.
Во последните две години од својот мандат, Трамп инсистираше од актуелниот украински претседател Володомир Зеленски да ги обелодени документите според кои тогаш потпретседателот Џо Бајден преземал мерки тогашниот украински претседател Петро Порошенко да го смени државниот обвинител кој ја истражувал „Burisma“ за корупција.
На почетокот од 2023 година во американските медиуми беше објавена информација според којашто постојат планови на Администрацијата на националните архиви и евиденција на САД (FOIA), да ја објават внатрешната преписка во текот на претседателскиот мандат на Барак Обама, кои содржат сведоштва за врските на Хантер Бајден со украинската гасна компанија „Burisma“, чиј член на управниот одбор всушност беше, во времето кога Џо Бајден го извршуваше вториот мандат на потпретседател на САД, за што примал надомест од 83.000 долари месечно иако нема никави квалификации или познавања од овој бизнис.
Според овие написи, администрацијата на актуелниот демократски претседател Џо Бајден може да стави вето на објавувањето на архивските документи до 2029 година, а што значи дека тие нема да бидат достапни во двете наредни претседателски кампањи во 2024 односно 2028 година. Американските владини агенции имаат можност за правен преседан да дадат такви одговори под изговор да се „избегнат обелоденувања што би можеле да ѝ наштетат на националната безбедност“, се потсетува во написот.
Записите датираат од 2014 година, односно во периодот на превратот во Киев поддржан од САД, во кој клучна улога за соборување на украинската влада која имаше тесни врски со Москва имаше актуелната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд, вклучуваат 69 слики и 260 е-пораки во кои се споменува „Bursima“.
Електронската пошта од оставениот лаптоп на Хантер Бајден, до која пристап имал и DailyMail.com, и сведочењето на „свиркачите“, покажуваат дека тој бил вклучен во повеќемилионски договор со кинески нафтен гигант тесно поврзан со кинеската влада. Банкарските записи покажуваат дека кинеските деловни партнери на Хантер префрлиле 10 милиони долари на конотото на нивното заедничко вложување.
И мејловите, текстовите и сметките од свиркачите сугерираат дека Џо Бајден бил свесен за договорот, па дури и можеби бил вклучен. Најозлогласениот пример е електронската порака од 2017 година од еден од деловните партнери на Хантер, Џејмс Гилијар, кој сугерира дека Хантер би имал 10 отсто од капиталот во договорот во име на „Големиот човек“, што според весникот е сугерирање на неговиот татко.
Сепак, американските мејнстрим медиуми го бранат дека иако во 2014 година поради уживање на кокаин наводно бил отпуштен од резервниот состав на воената морнарица, никогаш не бил дел од кампањата на татко му Џо Бајден и никогаш немал функција во Белата куќа. Самиот Џо Бајден тврди дека со синот не разговара за работењет во странство, и покрај спротивните податоци од писмата кои ги објавија некои американски медиуми, и повеќепати Белата куќа објави дека Министерството за правосудство ќе има незавосност во истрагата за кој и да е член од неговоот семејство,