Американскиот претседател Џо Бајден изјави во понеделникот дека верува оти Американците со вакцинирањето до летото ќе се доближат до создавањето на колективниот имунитет на коронавирусот.
„Верувам во тоа дека летото ќе бидеме поблиску до колективниот момент“, рече Бајден.
Додаде дека освен тоа, уверува дека сите Американци кои тоа го сакаат, би требало да може да се вакцинираат оваа пролет.
Покрај тоа, Бајден уште еднаш ја истакна важноста од носењето маски, правдајќи ја својата одлука да наложи со уредба маски да се носат на сите простори, со што уште еднаш ја истакна разликата во ставовите од својот претходник Доналд Трамп.
„Доколку носиме маски до крајот на април, стручњаците велат дека можеби ќе успееме да спасиме 50.000 животи“, рече Бајден без да наведе на какви истражувања и податоци го темели тврдењето.