Американскиот претседател Џо Бајден го обвини во средата рускиот претседател Владимир Путин дека има „очајничка страст за земја и моќ“ и вети дека НАТО предводен од САД нема да запре во поддршката на Украина против руската инвазија.
Зборувајќи во Литванија на крајот од дводневниот самит на НАТО во Вилнус, Бајден го пофали народот на оваа земја која беше под советска окупација откако во Втората светска војна нејзината квинслишка влада соработувала со нацистичка Германија, го поздрави придружувањето на Финска во Алијансата, као и скорешниот прием во членство на соседната Шведска.
Бајден, кому еден од главните надворешни приоритети му е НАТО во кој нема поделби а САД го имаат стратешкото водство, тврдеше дека Путин „силни ја потценилк решителноста“ на Северноатлантскиот воен блок.
„НАТО е посилен, поенергичен и да, пообединет од кога и да е во својата историја. Навистина повитален е за нашата заедничка иднина. Не се случи тоа случајно, не бнеше неизбежно“, рече Бајден пред илјада луѓе на Универзитетот во Вилнус.
„Кога Путин и неговата очајничка страст за земја и моќ ја покрена својата брутална војна против Украина, се обложил дека НАТО ќе се распадне. Мислеше дека НАТО ќе се распадне. Мислеше дека нашето единство ќе се растури на првиот тест, мислеше дека демократските водачи ќе бидат слаби, но не беше во права“, додаде Бајден.