Американските комуникациски канали со Кина ќе останат отворени за да се спречи судија, изјави претседателот Џо Бајден пред челниците на азиските земји во неделата по завршувањето на првиот од трите самите на челниците од регионот во Азија, по што речиси сигурно ќе следат тензични разговори.
Бајден во говорот на Самитот на источна Азија (EAS) во Пном Пен во Камбоџа, рече дека САД „силно ќе се натпреваруваат“ со Кина, а притоа ќе „обезбедат конкурентноста да не премине во судир“ и притоа ја истакна важноста од одржување на мирот во Тајванскиот теснец.
Бајден, исто така, ги повика воените власти во Мјанмар да се придржуваат на мировниот план на кој се согласија со Сојузот на државите во Југоисточна Азија (ASEAN), а истовремено го осуди лансирањето на ракети од Северна Кореја како и „бруталната и неоправдана“ инвазија на Русија во Украина.
Југоисточна Азија оваа седмица е и домаќин на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали, а според сегашните најави Бајден на маргините на тој состанок ќе се сретне со кинескиот колега по должност Кси Џинпинг, првпат откако ја презема власта во периодот кога односите меѓу двете најголеми светски економии се на најниското ниво во последните неколку децении предизвикани од зачестените посети на високите американски функционери на Тајван, што досега не беше практика а на што Пекинг жестоко се противи сметајќи го острвото за своја одметната покраина.
Се очекува дека војната во Украина и економските последици предизвикани во прв ред од антируските западни санкции ќе биде главната тема на дискусиите на Бали и форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Бангкок кон крајот на следната седмица, покрај климатските прашања, прехранбената несигурност и тензиите околу Тајванскиот теснец, Јужното Кинеско Море и Северна Кореја.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно во неделата на самитот во Камбоџа изјави дека САД и Западот во обидите да ги спречат руските и кинеските интереси во регионот ја „милитаризираат“ југоисточна Азија,
„САД и нивните сојузници во НАТО се обидуваат да го завладеат со овој регион“, рече меѓу другото Лавров.
„Индопацифичката стратегија на Бајден е обид да се заобиколат инклузивните структури за регионалната соработка и ќе вклучуваат милитаризација на овој регион со очигледен фокус на зауздувањето на Кина и на зауздувањето на руските интереси во азиско-пацифичкиот регион“, додаде Лавров.
Лавров го осуди обидот на Западот да го завладее Азиско-пацифичкиот регион
Лавров на самитите оваа и следната седмица го претставува рускиот претседател Владимир Путин, и се очекува дека ќе следат само критики на западните земји во Г20 за Русија кои најавија дека ќе го бојкотираат говорот на шефот на руската дипломатија и интензивно лобираат тоа да го сторат и другите земји. Украина, иако не е членка на Г20, по инсистирањето на Западот доби покана нејзиниот претседател Владимир Зеленски да се обрати виртуелно. .
Лавров во неделата порача дека Г20 не е форум кој би требало да се занимава со безбедносни прашања и дека наместо тоа би требало да се фокусира на итните глобални економски предизвици. Лавров на Бали допатува од Камбоџа во неделата вечерта по локално време.
„Проширувањето на нејзината (на Г20) агенда во областа на мирот и безбедноста, за што зборуваат некои држави, не е одржлив“, порача Лавров.
Осумнаесет земји, кои сочинуваат половина од светската економија, присуствуваа на неделниот самит на EAS, кој се одржа зад затворени врати, а на него учествуваа и членките на ASEAN – Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Индија, САД, Русија, Австралија и Нов Зеланд.
Претседавачот со самитот, камбоџанскиот премиер Хун Сен, рече дека на пленарната седница имало „жива дискусија“, но дека атмосферата не била тензична. „Челниците разговараа на зрел начин, никој не си замина“, рече Хун Сен на прес-конференцијата.
„Агресивни провокации“ од Северна Кореја
Бајден одржа трилатерална средна со челниците на регионалните сојузници Јапонија и Јужна Кореја и порача дека трите земји „повеќе од кога и да е се согласни“ во врска со Северна Кореја.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол изјави дека неодамнешните севернокорејски „провокации“ го покажале „карактерот на режимот против хуманитаризмот“, додавајќи дека Пјонгјанг станал „непријателски и агресивно“ настроен верувајќи во своите нуклеарни и воени способности.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека без преседан се постапките на Пјонгјанг, кои ги вклучуваат неодамнешното лансирање на балистички ракета со долг дострел преку Јапонија.
Кишида, исто така, се осврна и на Кина поради нешто што го нарече кршење на јапонскиот суверенитет во Источното Кинеско Море и реле дека Пекинг, исто така, е одговорен за растот на регионалните тензии во Јужното Кинеско Море кој е значаен глобален поморски правец преку кој годишно се остварува транспорт на стоки во износ меѓу три и пет билиони долари.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе на засебна прес-конференција изјави дека неговите кратки дискусии претходниот ден со кинескиот премиер Ли Кечијанг биле „конструктивни и позитивни“, во пресрет на официјалната среда со претседателот Кси Џинпинг. Имајќи предвид дека Австралија е сојузник на САД, и официјална Канбера изминатите години го заостри односите со Пекинг.