Американскиот претседател Џо Бајден ја посети во петокот сојузната држава Луизијана и се запозна со последиците од разорниот ураган Ајда во кој десетици луѓе ги загубија животот, а милион луѓе останаа без електрична енергија.
Претседателот Џо Бајден се сретна со гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс и со другите локални функционери. Американската јавност оваа посета на Бајден ја дожувува како голем тест, набрзо по хаотичното и драматично повлекување на американските трупи од Авганистан.
Петтиот најмоќен удар на ураган во САД откако се вршат мерењата минатата недела ја погоди Луизијана, поради што милион корисници останаа без снабдување со електрична енергија, а уште 600.000 без снабдување со вода, што населението мора да се справува со високите температури и со влагата.
Ураганот Ајда минатиот викенд ги погоди бреговите на Мексиканскиот залив, пробивајќи си пат преку источните делови на САД кон северот. Во средата налетот на невремето кулминираше со поплави во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси, како и околните области. Најмалку девет лица загинале во Луизијана, а во североисточните американски области уште 46 луѓе.
„Оваа бура е невројатна не само за Источниот брег. Знам дека сте огорчени бидејќи останале без струја. Владата работи 24 часа на ден со електродистрибутерите за да воспостави струјата и да испорача генератори“, изјави Бајден во разговорот со функционерите.
Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, изјави во петокот дека се потврдени уште две жртви ноќта кон петокот и дека досега има 25 загинати, а најмалку шест лица се сметаат за исчезнати, што значи дека бројот на жртвите би можело да расте.
Бајден го посети Лаплас, малена општина близу Њу Орлеанс, уништена од поплавите и налетот на бурата која корнела стебла и уривала куќи.
Додека Луизијана се обидува да закрепне од минувањето на Ајда, областа на Њујорк сѐ уште се справува со поплавите. Најмалку 16 лица загинале во државата Њујорк од кои 13 во градот Њујорк во поплавените подруми и автомовили, соопштија властите.
Њујоршкиот градоначалник на заминување, Бил де Блазио, во петокот за телевизиската мрежа MSNBC изјави дека во иднина ќе треба почесто да се носат забрани за движење за луѓето пред најавите за минување на бурите.