![dzo bajden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/6628561.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Американскиот претседател Џо Бајден објави во средата дека воведува санкции против операторот на руско германскиот госовод Северен тек 2, компанијата „Nord Stream 2 AG“ и за нејзините челници.
„Денеска ѝ наредив на мојата администрација да воведе санкции за Nord Stream 2 AG и за нејзините челници. Тие мерки се дел од нашиот прв пакет санкции како одговор на руското дејствување во Украина“, изјави Бајден.
„Како што јасно кажав, нема да се двоумите да преземеме натамошни чекори доколку Русија продолжи со ескалацијата“, додаде американскиот претседател и оцени дека Москва со своите акции „му даде на светот директен поттик од рускиот гас да се префрли на други извори на енергија“.
Бајден во својата изјава му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц „за тесната соработка и непоколебливата посветенсот да бара одговорност од Русија за нејзините постапки“.
Одлуката е насочена против една од најголемите комерцијални проекти на Русија, која е богата со енергенси а Европа 40 отсто од своите потребни ги задоволува со увоз на рускиот гас. Овој гасовод долг 1.230 километри во вредност од 11 милијарди евра кој беше завршен кон крајот на 2021-ва но сѐ уште не е во функција и ја очекува последната дозвола од германскиот регулатор.
Во мај 2021 година администрацијата на Бајден ја отфрли можноста за санкции против „ Nord Stream 2 AG“ и нејзиниот извршен директор Матијас Варниг, објаснувајќи го тоа со фактот што таквата одлука не е еод национален интерес. Но истовремено Вашингтон воведе санкции против бројни руски учесници во проектгот.
Подоцна Вашинтон и Берлин постигнаа договор за Северен тек 2, откако поранешната германска канцеларка Ангела Меркел му вети на Џо Бајден дека Берли ги бара од Русија да продолжи со испораките на рускиот гас преку Украина што на Киев му обезбедува приходи од милијарди евра годишно. Но сега САД ги донесоа мерките обвинувајќи дека гасоводот наводно е „геополитичко оружје на Русија во Европа“ и поради „агресијата против Украина“.