Фудбалскиот клуб Вардар има нов човек меѓу управителите. За нов спортски директор назначен е Александар Бајевски, некогашниот фудбалер на клубот, а сегашен спортски агент.
Поранешната „деветка“ на вардарци доаѓа во клубот по повеќе од една деценија. Беше активен во дресот на Вардар од 2008 до 2009 година, а важи за клупска легенда со висок статус кај приврзаниците на „црвено-црните“.
Некогашниот репрезентативец кариерата ја заврши во 2012 година во Србија каде играше за Раднички од Ниш. Има настапи и за повеќе странски клубови, но на домашната сцена го носеше само дресот на Вардар.
Бајевски е првиот спортски директор во таборот на „црвено-црните“ по разделбата со Дарко Панчев.