Алмеда Ерел и Гери Хардвик од Тенеси, имаат разлика во возраста од 54 години, но нивниот брак успева благодарение на бурните страсти и малите работи што ги прават едни за други секој ден.
Пензионерката била во жалост, а имала 71 година кога го запознала тинејџерот Гери и тоа на погребот на нејзиниот син во 2016 година.
Тие биле во врска само две недели кога Гери, на своите тогашни 17 години, клекнал и ја побарал бабата за жена. Шест дена подоцна со скромна церемонија, го кажале судбоносното ДА – и имале секс за првпат, а тој го опишува како „подобро од моите најлуди соништа“.
Денес, после речиси три години, двојката се’ уште е вљубена како и првиот ден, и двајцата се фалат за нивниот „одличен секс“ и љубовта која ја чувствуваат еден за друг.
„Ние секогаш си делиме комплименти се и бакнуваме“, споделила Алмеда. „Уживаме во нашата врска. Кога ќе го сретнете вистинскиот, тогаш знаете дека не сакате да го изгубите таквото чувство“.
Алмеда се пофалила за нивните редовни љубовни состаноци кои вклучуваат одење на романтични вечери или во кино.
Таа, исто така, признала дека врската со Гери е огромен контраст на нејзиниот претходен брак, каде што немало многу романса или бакнување и гушкање.
Бабата, всушност мајка на четири деца, била мажена за Доналд речиси 43 години, меѓутоа тој починал во 2013 поради компликации предизвикани од дијабетес.
Покрај тоа што морала да се справува со предизвикот како вдовица, таа доживеала уште еден животен удар кога нејзиниот најстар син, Роберт, починал од мозочен удар на 45 годишна возраст.
Токму на неговиот погреб Алмеда и се запознала со Гери, кој иако помлад од еден од нејзините внуци, таа средбата ја опишала како „бела светлина низ тагата“.
Љубовта на Гери кон постарите жени започнала на возраст од осум години, кога тој почнал да ја симпатизира својата наставничка. Подоцна тој бил во врска и со 77 годишна жена, но романтиката се влошила затоа што имале чести расправии.
По кратката средба на погребот, двајцата не можеле да престанат да размислуваат еден за друг.
Повторно се сретнале за време на семеен роденден во локална пицерија и разгорените искри си го направиле своето.
„Тој беше ист како што го паметев“, раскажала Алмеда. „Таа насмевка, тој добар изглед… Двајцата бевме премногу нервозни за да јадеме, и во еден момент тој дури падна од столот“.
Сепак, дошло време и за најважното прашање кое она морала да го постави.
Таа го споделува сеќавањето на нивните почетоци: „Едноставно бев директна и му реков, eте, јас имам 71 година, ти имаш 17 години. Дали сум премногу стара за тебе?
– Тој само ја стегна мојата рака и ми рече: Годините се само бројка.“
И покрај венчавката парот сепак не е прифатен од сите членови на семејството, Гери често го озборуваат дека се оженил за Алмеда за нејзините пари.
„Луѓето зборуваат без смисла. Многу ме лутат поединци кои судат на таков начин“ споделил тој и додал дека Алмеда е една слатка жена која го смее цело време.