![0_Coronavirus-Tue-Dec-8-2020](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/0_Coronavirus-Tue-Dec-8-2020.jpg?resize=615%2C410&ssl=1)
Маргарет Кинан, бава во 91-та година од животот, е првата личност на светот која ја прими вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против коронавирусот надвор од испитувањата во вторникто, кога властите во Велика Британија започнаа да го вакцинираат своето население.
Кинан била вакцинирана во својата локална болница во Ковентри, во централна Англија, во вторникот утрото во 6,31 часот по ГМТ, една седмица пред да наполни 91 година.
Велика Британија во вторникот започна да го вакцинира своето население против Covid-19 со вакцината којашто ја развија американската фарамцевстска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTech“. Таа е првата западна земја која започна да го вакцинира населението, а пред неа тоа го стори во свето само Русија, што е поздравено како решавачка пресвртници во совладувањето на коронавирусот.
Поради неопходновста за складирање во ултрастудени услови и комплицираната логистика, употребата на оваа вакцина засега е ограничена.
„Се чувствувам многу повластено што сум првата лилноста којашто се вакцинира против Covid-19. Ова ми е најдобриот роденденски подарок кој можев да го посакам, бидејќи тоа знали дека конечно ќе можам да му се радувам на дружењето со семејството и пријателите за Нова година откако поголемиот дел од годината бев сама“, изјави Кинан,.