Давид Бабунски, најголемиот македонски талент и се приклучи на сениорската репрезентација на Македонија кој веќе неколку дена тренира во Австрија и се подготвува за следните пријателски натпревари против селекциите на Камерун и Катар кои ќе бидат одиграни на 26 и 30 мај.
Пред неколку дена, Бабунски го освои Купот на Каталонија, откако неговиот тим, Барселона Б, после подоброто избедување на ударите од белата точка, го победи вториот тим на Еспањол. Само што пристигна во Австрија, Бабунски изјави дека очекува одлична игра на двата натпревара и е убеден дека младите во тимот ќе ја оправдаат укажаната доверба.
-Среќен сум што повторно сум дел од најдобрата македонска репрезентација. Сакам да уживам во работата со овој тим, како на подготовките, така и на натпреварите. За секој состав е важен тимскиот дух и позитивната атмосфера, се надевам дека заеднички ќе го подигнеме на повисоко ниво со цел да уживаме во играта и во резултатите. Селекторот верува во младите играчи, добро не познава, ние ја претставуваме таа нова генерација на македонскиот фудбал и се надевам дека сите ќе го дадеме најдоброто од себе да ја оправдаме довербата. Условите кои ги имаме во Австрија се исклучителни, имаме малку подолг период за подготовки, а тоа е битно за репрезентацијата во која има неколку нови фудбалери. Се надевам дека се ќе мине во најдобар ред, сега сме фокусирани на планот за тренинзи и исполнување на тоа што го бара селекторот, а за натпреварот со Камерун ни треба позитивен резултат, тоа ќе ни ја подигне самодовербата, во овој период ни треба таков ветер во грб, изјави Давид Бабунски.