Лицата со зголемена телесна тежина кои консумираат бадем и чоколада секој ден може да имаат понизок холестерол од другите дебели луѓе кои не ги консумираат овие продукти, покажува еден неодамнешен експеримент, од кој резултатите се објавени во списанието Journal of American Heart Association.
Консумираните одвоени бадеми и чоколада уште во некои претходни истражувања беа поврзани со пониското ниво на шеќер во крвта, понискиот крвен притисок,пониската вредност на холестеролот, и помалото чувство на глад. Сите тие се фактори за болести на срцето.
За потребите на ова истражување научниците го мереле нивото на холестеролот кај 31 лице со прекумерна телесна тежина.
Во текот на првите четири седмици од истражувањето сите испитаници на возраст меѓу 30 и 70 години, биле на стандардна американска исхрана и сите секојдневно дополнително јаделе речиси третина шолја бадеми. Во следните четири седмици испитаниците во својата исхрана додале речиси четвртина шолја темна чоколада дневно и околу 2,5 лажички како прав. Сите испитаници имале и четиринеделен период во кој во исхраната додавале и бадем и темна чоколада.
Додавањето само на бадеми го намалило за 7 отсто нивото на лошиот LDL холестерол кој е одговорен за создавањето на талозите на ѕидовите од крвните садови. Со комбинирањето на бадемите и темната чоколада, исто така, се намалило нивото на LDL холестеролот.
Бадемот самиот за себе го намалил нивото на LDL холестеролот, за разлика од чоколадата, но овој продукт не го зголемил нивото на LDL холестеролот, вели водителот на истражувањето, Пени Крис-Итертон, нутриционист од универзитетот Пен Стејт. Предупредува дека овие резултати не значат дека е мудро луѓето да започнат да го јадат бадемите и чоколадата со килограми.
„Имаме околу 270 калории кои дискрециски можеме да ги воведеме во менито и на луѓето им препорачувам да ги користат мудро“, вели Крис-Итертон. Тоа значи дека бадемите и чоколадата може да се јадат умерено наместо другите слатки, а не во додаток во колачиња, слатки и десерти.
Во текот на истражувањето испитаниците половина од калориите ги внесувале во форма на јагленохидрати, околу 16 отсто во форма на белковини и 33 до 36 отсто низ маснотии. Исхраната била калибрирана така што било осигурено испитаниците да ја одржуваат својата тежина непроменета во текот на истражувањето.