Бадемите спречуваат срцеви и други заболувања

 

Можеби звучи како претерување, но јадењето бадеми во некои случаи може буквално да ви го спаси животот. Студија на Американското здружение за срце откри дека премалку внесување јатки може да ја зголемат можноста за развој на срцеви заболувања. Сепак, спречувањето на срцеви заболувања не е единственото нешто каде бадемите можат да помогнат.

Луѓето кои имаат проблеми со акни, исто така, имаат недостаток на витамин Е. Бадемите можат да помогнат, бидејќи тие се полни токму со тој витамин и разни антиоксиданси. Тие се добри за кожата и се богати со омега-6 масни киселини, а помагаат и во лекувањето на дијабетес

Зравствената состојба на лицата со дијабетес тип 2 се подобрува кога ќе започнат да јадат бадеми секој ден. Тие се добри за артериите и го намалуваат холестеролот, а благодарение на нивните минерали, тие исто така помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Индијците имале долга традиција да јадат бадеми како природен лек за регулирање на протокот на цревата и добивање енергија. Бадемите се основна состојка во ајурведската исхрана и честопати се препорачуваат за жени по породувањето за да им помогнат брзо да закрепнат како и да избегнуваат стрии.

Една студија открила дека бадемите исто така може да ја подобрат активноста на мозокот. Бремените жени со 74 грама бадеми неделно можат да го направат своето бебе попаметно, барем според студијата на шпанските експерти, кои следеле 2.208 бремени жени. Тестирањата на деца на возраст од 1, 5 и 8 години чии мајки јаделе бадеми покажале дека тие имаат повисок коефициент на интелигенција.